Третман со матични клетки е нов хит кај славните: Ѕвездите истражуваат како да живеат вечно

Добивај вести на Viber

Денес имаме средства кои можат делумно да ги поништат ефектите од стареењето. Еден од начините е третман со матични клетки. Ѕвездите добиваат инјекции на лицето пред да се појават на црвениот тепих, вели др. Шварц...

Имаат милиони на сметките и имаат неколку „едноставни“ желби: да изгледаат вечно млади и да бидат бесмртни.

Познатите личности трошат луди суми на различни третмани за подмладување, а најновиот тренд, пишува Mirror, е третманот со матични клетки.

- Ѕвездите имаат огромна побарувачка за третмани кои ќе ги направат „вечно млади“. Некои ѕвезди дури ја истражуваат можноста за бесмртност - изјави кардиологот Ернст Фон Шварц во интервју за Мирор. Тој веднаш продолжува:

- Денес имаме средства кои можат делумно да ги поништат ефектите од стареењето. Еден од начините е третман со матични клетки. Ѕвездите добиваат инјекции на лицето пред да се појават на црвениот тепих. Затоа изгледаат толку млади и убави. Веднаш се помлади за пет години - вели докторот.

Тој не сакаше да открие кои ѕвезди ја проучуваат можноста за бесмртност кај луѓето, но смета дека овој концепт е недостижен.

- Не е одобрен во САД и не е покриен со осигурување. Исто така, не секој е погоден за овој вид третман.

Меѓу ѕвездите кои го пробале овој третман наводно се Џенифер Лопез, Кејт Бланшет, Кетрин Зета-Џонс, Ким Кардашијан...


Фото: јутјуб принтскрин