Трето издание на „СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.“

Добивај вести на Viber

Oпштествено одговорен проект на Стопанска банка АД - Скопје “Заедно сонуваме и менуваме, за подобар свет, за сите„

Стопанска банка АД – Скопје го реализираше и третото издание на „Сонуваме.Менуваме“, настанот кој ја промовира инклузијата на децата со посебни потреби и ја поттикнува емпатијата кај сите нас. По две години успешна реализација на настаните, кампањите и донациите кон асоцијациите на деца со посебни потреби, оваа година, како прв настан со кој Банката почнува да ја слави својата 75 годишнина, „Сонуваме.Менуваме“ прерасна во уште поголем спектакл и доживување кое ќе се памети.

На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија приредува едночасовно шоу во кое вклучени беа повеќе деца со посебни потреби кои ја збогатуваа програмата и рамноправно со актерската екипа, гласно и недвосмислено ја промовираа инклузијата. Со оглед на тоа што клучна публика на концертите ни се децата кои целосно веруваат на ликовите од серијата 5+ Фамилија, се надеваме дека пораката од настанот ќе биде одлично прифатена и ќе создадеме општество какво што сонуваме да имаме.

Посетители на настаните беа и повеќе асоцијации надвор од Скопје за кои Банката покрај влезници, обезбеди превоз и храна.

Петте концерти “Сонуваме.Менуваме“се одржааво МОБ со овој распоред:

· Сабота 15.12 од 11, 14 и од 17 часот

· Недела 16.12 од 11 и од 14 часот

Поради хуманитарниот карактер на настанот, во продажба беа пуштени билети по симболична цена од 100 денари и сите овие средства се вклучуваат во фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби.

„СонувамеМенуваме прерасна во традиција и среќни сме што токму со овој проект почнуваме да ја одбележуваме нашата 75 годишнина. Кога компанијата има богата историја значи дека е вткаена во историјата на државата, на граѓаните и на компаниите и остава траен белег врз општеството. Како општествено одговорна компанија секогаш сме на страната на оние кои не се плашат да го остварат својот сон, даваме поддршка, заедно туркаме напред и создаваме подобар свет за сите. Им посакувам на децата кои ќе учествуваат, но и оние кои ќе ги следат концертите да работат сложно за посветла иднина, ја имаат нашата поддршка секако.“ – изјави г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

Во продолжение се одобрените грантови од страна на комисијата за 2018та година со што вкупниот буџет доделен досега од страна на Банката надминува 45.000евра: