Три феноменални празнични предјадења: Ќе ве воодушеват и по изглед и по вкус
Ви пренесуваме рецепти за три феноменални празнични
предјадења, кои ќе воодушеват и по изглед и по вкус!
Шарен ролат
За подготовка на овој шарен ролат потребно е:
-1 лист обланда
-200 гр крем сирење
-2 кисели павлаки
-100 гр мајонез
-200 гр печеница или сланина
-4 моркови
-150 гр зелени маслинки
-150 гр сирење
Начин на подготовка: Сварете го морковот, па ситно исечкајте го. И печеницата и маслинките исечкајте ги ситно. Измешајте го сирењето, павлаката и мајонезот, па со оваа смеса премачкајте ја обландата. Посипете со сецкан морков, печеница, маслинки и рендано сирење. Почекајте околу десет минути да омекне обландата, па завиткајте ја во ролат и оставете ја во фрижидер добро да се стегне. Потоа сечете го ролатот на парчиња и сервирајте го.
Обланда со кикирики
Потребно е:
-250 гр маргарин или путер
-400 гр масно кравјо сирење
-200 гр мајонез
-3 листови обланда
-300 гр шунка
-200 мл кисела павлака
-200 гр кикирики
Начин на подготовка: Измешајтефил од путерот, сирењето и мајонезот. Со него премачкајте една обланда. Одозгора наредете ги листовите шунка, па премачкајте ги со павлаката и посипете ги со сечканите кикирики. Ставете уште една обланда и повторете ја постапката. Покријте со трета обланда, премачкајте ја со филот и посипете со кикирики.
Ајвар триаголници
Потребно е:
-300 гр туна
-300 гр крекери
-200 гр путер или маргарин
-400 мл грчки јогурт
-8 варени јајца
-4 листови обланда
-300 гр ајвар
Начин на подготовка: Искршете ги крекерите и прелијте ги со јогурт. Додадете омекнат путер, исцедена туна и сè добро измешајте. Листот обланда премачкајте го со филотод крекери, па премачкајте го со ајвар, па посипете со две сечкани, варени јајца. Ставете уште еден лист обланда, па повторете ја постапката и така додека не го потрошите целиот материјал. Оставете ја обландата во фрижидер преку ноќ да се стегне добро.
Бон апетит!
Фото: Shutterstock
Оригинален рецепт за ванилици: Како да останат бели и по печењето?