Три хороскопски знаци ќе имаат љубовни проблеми во новата недела

Добивај вести на Viber

Овен

На љубовното поле, Овните ќе имаат доста проблеми што ќе им ја реметат врската, бракот, но она што е важно е дека нема да има некои поголеми последици. И двајцата сте научиле со текот на времето набрзина да најдете компромис и брзо да ги решавате меѓусебните проблеми. Вие сте помалку тврдоглави и кај вас е поголем проблемот, па со тоа во врската ви е многу потешко да се воздржите за некои прашања. 

Воглавно за сите ситуации вие сте главниот виновник, па кога ќе го увидите тоа, топката ја префрлате на партнерот и го обвинувате. Доколку не ја надминете оваа ваша особина, постои можност за прекинување на врската, односно бракот. Размислете, имате време малку да се повлечете од ваквите ситуации и малку повеќе да се посветите на партнерот и на неговите желби. 

Риби

Што се однесува до брачните односи, овде нема да има подобрувања. За да сфатите во што е проблемот би требало да го сфатите следното. Вие имате некои свои приоритети, а партнерот свои и никако неможете да се усогласите во однос на заеднишнтвото и заедничките желби. Овде се работи за животните семејни прашања. Меѓу вас постои и брачна неверност. Таа ситуација дополнително го комплицира вашиот однос, што нема да се поправи во брзо време. 

Она што би можело да ви помогне е некое заедничко патување, летување или ако заминете некаде каде ќе бидете сами и искрено ќе разговарате, да  го спасите она што може да се спаси, секако ако и двајцата  го сакате тоа. Многу ќе ви треба трпение доколку сакате да опстанете во брачната заедница. Слободните Риби ќе се вљубат по којзнае кој пат, а се затоа што често влегуваат во фатални, страсни врски. Некогаш е подобро да бидете сам отколку во неквалитет на врска и вие тоа го знаете, но и натаму давате шанси на разни луѓе што не го заслужуваат тоа. Немојте да трошите енергија на нив.

Лав

Брачните партнери оваа недела ќе имаат проблеми во комуникацијата. Ова ќе доведе до тоа еден од вас да направ и излет од бракот. Сето тоа може да се искомплицира и да дојдете во лоша позиција. Постои можност да се открие измамата, така што тензијата во односите со партнерот ќе се засили. Бидете искрени еден кон друг и можете да се вратите на стариот колосек.

Работете на довербата што во моментов е разнишана. И слободните Лавови ќе тежнеат кон страсни и фатални односи. Ова нема да  биде со долг век на траење, се' ќе се завши и тогаш ќе можете конечно да сфатите дека тоа не води никаде. Една личност чека да се смирите, да видите дека постојат и поинакви односи што таа личност ви ги нуди.