Три хороскопски знаци за најжешка летна авантура!

Вага

Вагата е неверојатна опција за летна авантура бидејќи е многу спонтана, а истовремено не се колеба да каже што мисли, сака и  чувствува. Доколку си во потрага за некој кој ќе те придружува на подиумот, дојде со тебе на ноќно капење или на забава, Вагата знае како да го извлече максимумот од секоја ситуација.

Овен

Доколку бараш суперзабавна и прилично интезивна летна авантура, не мора да бараш понатаму од личноста родена во знакот на Овен. Таа не сака ништо повеќе од секси мазење и пазење. Мора да знаеш дека нема да ги открие своите чувства кон тебе, бидејќи не сака да биде ранета - барем не во почетокот. Меѓутоа, кога е во прашање забава и авантура, Овенот знае како да се сконцетрира на одлична дружба.

Девица

Ако ова лето бараш вклучување на пикник и долга прошетка со сладолед во рака, размисли за тоа да одиш на „дејт“ со Девица - која е заљубена во природата. Девиците се прекрасни за лабави забави бдиејќи често се слатки и не сакат кога работите се преинтезивни. Доколку си во потрага за забавен ден кој е преполн со летни активности, Девицата е одличен знак. Секако, може да се случи да завршиш со Девицата и во поинтимни односи, но не би останал/а разочаран/а.