Три инфаркти и многу кризи: Сузана Манчиќ проговори за здравствените проблеми

Добивај вести на Viber

„Свесна сум дека влечам лоши гени. Сите во семејството Манчиќ ми заминаа од кардиоваскуларни проблеми. Мојот татко преживеа три инфаркта, операција на срцевата аорта и уште многу кризи. Умре на 70 години. Неговиот организам беше преслаб, како да имаше 90, се отвори најпопуларната лото-девојка Сузана Манчиќ, зборувајќи за здравствените проблеми во семејството.

Таа раскажа дека пред свои очи имала пример како не треба. Затоа, како што вели, се обидува да побегне од стресот и од уморот.

- Имам покачен холестерол и тоа засега ми е единствениот проблем, да чукнам во дрво - вели Сузана.