Три торби од брендот "Hermés" 300.000 €- која наша инфлуенсерка има оригинали во ормарот, а која „фејк“
Дел од нашите познати личности, а особено инфлуенсерките, постираат фотографии на кои е видлив раскошот на местото каде што престојуваат, локалот каде се забавуваат или плажите каде што уживаат.
Неизоставен дел од нивните фото албуми е и облеката - од обувки и чанти, до фустани, здолништа и јакни со лого на познати светски брендови. Затоа и темата која е честа на кафе - трач муабетите е колку од нив купуваат оригинали или ни сервираат "Фејк" работи од познатите светски брендови.
Постојат луѓе од земјава кои работат во Европа и Америка и станале дел од најпознатите модни корпорации. Нивното искуство е толку големо што само што ќе ја погледнат фотографијата знаат дали парчето облека е фејк или оригинал.
За оваа тема се консутуравме токму со неколку "Фешн "експерти од странство каде што овие брендови се продаваат!
Нашата "истрага" започна и првата во низата на "Осомничени"/ Прекршнички уште на првото гледање на нејзината инстаграм страна донесе низа насмевки на лицата на нашите "Фешн Детективи"
Ќе го заштитиме индититетот на "Прекршничката" , а токму така ја нарекоа експертите бидејки купување на ваква роба е казниво со закон во еврозоната и низ светот. Дури и упатија совет. А тој е следниот: „Нареден пат кога патува во еврозоната може да биде уапсена и соочена со извршување на затворска казна“.
А ако не прашате зошто токму оваа позната естрадна личност беше прва на "мета" одговорот е едноставен.
-Таа се најде прва на нашиот список бидејки токму нејзините слики на социјалните мрежи се преплавени со "луксуз" кој го прикажува на својата публика! Нејзиниот индетитет нема да го откриеме, ќе оставиме на читателите да го разбудат детективот во нив и да ги најдат "доказите" во нашиот текст за да откријат за кого се работи- посочуваат тие а како првиот заклучок што го донесоа беше појаснет на следниот начин.
-Доколку една личност во еден месец "купи" три торби од брендот "Hermés" и притоа тие чинат од 80.000€ до 150.000€ бидејќи се со егзотична кожа која вклучува алигатор и крокодил, тогаш таа би потрошила над 300.000 € за исите што нема никаква логика. А логика нема, бидејки не се само делот на финансиите пресудни, туку токму "Hermés" како бренд дури и на нивните "ВИП" клиенти ги ограничува на 1 егзотична торба во годината. Според инстаграм профилот на нашата "Прекршничка" таа "успеала" да купи 3 "Hermés" торби а притоа ни еднаш во тој месец нема објавено дека била во Париз. Но, некако успеала "Hermés" да ѝ ги прати сите торби "преку пошта" – откриваат експертите.
Наредниот дел од "истрагата" ги остави сите во еуфорична смеа. Не само што ни потврдија дека сите парчиња од брендирана облека и чанти се " Фејк" туку дека повеќето од нив воопшто не постојат.
Еден пример е горниот и долниот дел на тренерки од брендот "Louis Vuitton" кои се колаборација со "Nigo" и воопшто не се произведени во тој "принт" ниту пак се произведени во женската линија на овој бренд. Нашата "Прекршничка" не само што купува "Фејк" дизајнерски парчиња истите не можат да се наречат ниту копии бидејки воопшто и не постојат- посочуваат тие.
Денешното време на технологија носи свои предности и секако не прави "попаметни" и пред се информирани. Нашите експерти ни покажаа дека со користење на алатката "Google Lens" може да се открие фејк или оригинал. Како?
Откако ќе го активирате пребарувачот "Google" одите на фотографиите на Инстаграм или фејсбук страните на познатите личности. Тој сам ќе ве насочи на страните каде што е купено парчето облека. Ќе ви покаже дали е фејк или оригинал и каде се купува!
Разговорот со експертите го завршуваме со една поучна порака, да се биде оргинален не ви треба многу, а тоа многу значи- брендот може да бидете самите вие!
Немојте да бидете ничија копија ниту да носите никакви копии за да ги импресионирате другите !
Бидејки нашата листа на "Осомничени " е поголема и ќе треба подолго време да ги посочиме "прекршниците" оваа статија завршува тука. Доколку сакате да ја продолжиме пишете ни во коментарите.
С.А.Н