(ФОТО) Три тренди предлози за што да облечете на летна свадба

Добивај вести на Viber

Доколку летово треба да присуствувате на свадба, а не сте сигурни што да облечете ние ќе ви понудиме решение на проблемот.

За разлика од невестите кои треба да одберат венчаница која ќе одговара според свадбата која ја имаат замислено, гостите имаат поголем избор во однос на аутфитот.

Ние ќе ви понудиме три стилски комбинации, а вие може ќе се пронајдене во некоја од нив.

Комбинезон
Ова парче облека веќе неколку сезони по ред е вистински хит. Голем број ѕвезди го избираат комбинезонот кој е совршена замена за долгите фустани, а доколку се одлучите да го носите на свадба, комплетирајте го со сандали и мала чанта.


Краток топ и миди здолниште или панталони
Краткиот топ стана актуелен пред две години и се уште е тренд кој доминира. Ова парче во комбинација со миди здолниште или панталони е идеален избор за свадба, бидејќи дава одредена грациозна нота, која ќе придонесе голем број погледи да бидат насочени кон вас.


Свилен „слип“ фустан
Доколку сепак се одлучите за фустан тоа нека биде свилен „слип“ модел. Едноставна елеганција во комбинација со сандали, а предноста на ова парче е што може да го комбинирате и за обични вечерни излегувања.