Триесет години подоцна, немоќна сум да го заштитам своето дете: Кога бев мала, беше поинаку

Кога бев мало девојче, бев малтретирана од Фикрет од мојата клас во училиште. Бев тивка долго време, се додека тој не зеде шприц, го наполни со вода од базенот и ме испрска во лицето. Дојдов со плачење од училиште, па мојот татко го чекаше следното утро Фикрет и го истрга за ушите. Сè траеше неколку минути, нему му поцрвенеа ушите, и Фикрет никогаш повеќе не ме допре. Така мојата повеќемесечна тортура застана преку ноќ, а Фикрет кога поминуваше покрај мојата куќа трчаше побрзо од Хусеин Болт. Се чувствував толку заштитена.

Денес, триесет години подоцна, се чувствувам толку немоќна, бидејќи не можам да го заштитам моето дете. Не само што не е дозволено да му ги истргам ушите, но ако му кажам еден благо прекорен збор, утре неговиот самоуверен родител ќе тропне на мојата врата со својот адвокат. Можам да сонувам за мирен и рационален разговор. Бидејќи родител кој го вопситува своето дете на друго дете да му кажува дека е бедно, кукавица и плачко, не е ништо повеќе од обичен медиокрет. А медиокрет може да воспита само еднаков на себе медиокрет и ништо друго. И со такви не може да се разговара, научив јас многу одамна.

Кога бев мала, наставниците се почитуваа. Ние скокнавме едни по други за побрзо да го направиме она што ни е кажано. Денес наставникот прашува кој ќе ги земе работните листови на дете кое не било на училиште, но никој не сака, затоа што немаат време. Дури и детето кое живее веднаш до автобуската станица, и тој некој кој нема време, не треба да направи ни чекор до куќата на болниот, но само да ги стави листовите во поштенското сандаче кога ќе излезе од училишниот автобус. Се разбира, немаат време бидејќи не знаат како нивните родители го испланирале денот, бидејќи од скоро 11 години, немаат право сами да одлучат дали да му помогнат на својот пријател или не. За нив одлучуваат мајките, во зависност од тоа дали ја сакаат другата мајка или не. Или поточно дали е доволно дотерана, нашминкана, какви се нејзините нокти и трепки, колку кеш има на нејзината сметка во банка и каков автомобил вози. Бидејќи ако таа е еднноставна и опуштена, ако е во тренерки и патики, без шминка и нокти, ако не оди на луксузни патувања и на козмеричар, а и немаличен тренер, секако е мизерна, а такво е и нејзиното дете. И не, тоа не може да биде друштво за нивните напредни и посебни деца. Тие ќе се извалкаат ако дојдат во контакт со такви деца бедници.

Кога бев мала, родителите се почитуваа еден со друг. Тие се сметаа за еднакви, бидејќи беа еднакво вредни во таа, сега далечна Југославија. И скоро сите југословенски семејства беа просечни, скромни и работнички.

Кога бев мала, никој не ни забрануваше бонбони. Внесувањето на шеќери во нашето тело воопшто не влијаеше на нашето однесување, бидејќи таа добиена енергија ја трошевме да видиме на околните дрвја, да се натпреваруваме кој ќе се качи повисоко, и трчавме километри за нашите родители да не не викнат дома пред да се стемни, а потоа уморни ги затворавме очите над шолјата со топло млеко, не грижејќи се за прекорите на мајка ни што не не видела цел ден. И не, не бевме хиперактивни, бевме само активни. Активноста е здрава, хиперактивност поради недостаток на активност е веќе болест. И изгледа некој вид модерна, бидејќи изгледа како секое второ дете ја. Но многу е тешко да се лекува, бидејќи наместо детето да излезе на улица и да се искачи на првото дрво, и да виси покажуваќи ги своите способности, мајката веднаш ќе го однесе на психолог за деца. Сепак, полесно е да се седи во пријатна и удобна ординација, отколку да се расправа под дрво, принудувајќи го детето да се симне или не дај Боже, да се оди по него, па да ризикува евентуално кршење на ноктите или кинење на скапите фармерки.

Кога бев мала, го прославувавме родендените еднаш годишно. Кога ни беше роденден. Ако сме родени во текот на летото, не ги славевме повторно, за да може да го повикаме цел клас, а мајките не правеа „престижни“ покани во текот на целата година.

Но, да не набројувам повеќе и да не измислувам топла вода затоа што секој нормален човек знае во каков вид на општество живееме.

Немоќна да го заштитам моето дете, решив да ѝ побарам прошка денес.

Затоа: Прости ми, Уна!

Прости ми што те учам да бидеш искрена и срдечна!

Простете ми што те учам да не одговараш на навредите!

Прости ми што те учам да ги решаваш конфликтите и да се расправаш со другите деца сама!

Прости ми што те учам дека има добро во секој човек!

Прости ми што твојата најдобра другарка веќе не те сака, затоа што твојата мајка одеднаш не е добра по принципите на нејзината мајка!

Прости ми што сум глупава Босанка, и ти ја наследи глупавоста од мене!

Прости ми што те родив на средината на летото, па го прославуваш твојот роденден само со тројца или четворица деца кои не крстарат по Јадранското Море!

Прости ми и што не го прославуваш повторно во октомври, па со тоа не ти наметнувам социјални дружби низ целата година!

Простете ми што те научив да кажеш: молам, благодарам и извини!

Прости ми што те научив да плачеш кога нешто ќе те растажи!

Прости ми што те научив гласно да се смееш кога нешто ќе те развесели!

Прости ми што те научив да гушкаш кога некого го сакаш!

Прости ми што со тоа те засрамив!

Простете ми што и понатаму те учам дека емоцијата е нешто највредно во човекот!

Простете ми што те учам дека убавина извира одвнатре и не постои инстаграм филтер што може она внатрешното да го поправи!

Прости ми што те родив нежна и топла и те турнав пред лицето на овој суров свет!

И за крај, прости ми што те воспитувам по свои принципи, а не по стандардите на денешните „вредности"!

Бидејќи јас подобро од ова, Богами, не можам!

Натали