„ТРИКАФТА“ ГИ РАСКАРА БОЛНИТЕ ОД ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА: Има револт и раздор меѓу нас, како да се стигне на листата за лекот, Пехчевски за Фактор

Лекот „Трикафта“ кој е неопходна терапија за пациентите со реткото заболување цистична фиброза од минатата недела е веќе во Македонија, но само осум пациенти се на приоритетната листа и тие веќе го примаат. Како што веќе и е познато на јавноста, станува збор за седум се возрасни пациенти над 18 години и едно дете. Здравствените власти уверуваат дека заради пониската цена која ја доибиле, има простор за уште четири до пет пациенти за кои исто така уште во првата фаза може да биде набавен овој лек. Но, останатите прашуваат дали ќе има и за нив и кога воопшто ќе стигне навреме, бидејќи дел од пациентите кој засега остануваат без „Трикафта“ се во тешка здравствена состојба.

Дека ќе биде во првата група се надеваше и 31-годишниот Игор Пехчевски од Берово со кого разговараше Фактор. Болеста, вели, ја има од раѓање, односно кога бил 2-месечно бебе.

Целиот текст читајте го на Фактор тука.