„ТРИКАФТА“ ЗА НАЈКРИТИЧНИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ СТИГНЕ НАЈДОЦНА ЗА 30 ДЕНА: Се прават и законски измени лекот да го добијат сите болни од цистична фиброза

Добивај вести на Viber

Завршени се административните процедури за итна набавка на лекот Трикафта за болните од цистична фиброза, добавувачот ќе го испорача лекот во најбрз можен рок, Информираат од Владата.

Игор очајно моли за лекот Трикафта: Детали за болеста цистична фиброза

-Владата на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека се завршени административните процедури кои беа потребни за итна набавка на лекот Трикафта за најкритичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, и тоа во кус рок.
Испораката на лекот Трикафта за овие пациенти се очекува да биде извршена од страна на добавувачот, во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на самиот лек, се наведува во владиното соопштение.

Деталите читајте ги на Фактор тука.