Трикови со кои веќе никогаш нема да изгорите на сонце
Високите температури негативно влијаат на нашата кожа. Ако кожата не сте ја подготвиле за сонце, а веќе сте биле на одмор, сега сигурно мачите мака со изгорениците. Штетата е направена, сега можете само да си олесните со овие трикови. За оние кои што уште не биле на одмор, овие совети сигурно ќе им бидат корисни.
Алое вера
Во дрогериите можете да купите лосион по сончање, кој многу ќе ви помогне. Но, внимавајте неговата основна состојка да е алое вера, која е одлична за оштетена кожа. И покрај алое вера лосионот, важно е превентивно да нанесувате лосион со заштитен фактор.
Студени облози
Пакет мраз, кеса замрзнат зеленчук, студен туш или купката прават чуда на изгорената кожа. Ако се одлучите за студена облога, важно е мразот најпрво да го завиткате во крпа и дури потоа да го притиснете на изгорениот дел.
Јогурт
Мачкањето со јогурт го олеснува чувството на печење на кожата. Се претпоставува дека овој трик ќе биде ефикасен затоа што јогуртот во себе има покачена pH вредност.
Чај
Оладете кесички чај и ставете ги на изгорената кожа. Или сварете го чајот како за пиење, исто така направете студена облога која ќе ја држите на изгорениците. Танинот од чајот ја извлекува топлината од кожата и ја враќа нејзината pH вредност во нормала.
Краставица
Краставиците имаат својство на природен антиоксидант и затоа некои го ставаат на очи за да ги намалат подочниците. Можете да ја исечкате и да ја ставите директно на изгорениот дел од кожата.
Повеќе течности
Кога ќе изгорите на сонце, големи се шансите да дехидрирате. Затоа е важно да пиете повеќе течности, а студената вода ќе ви ја намали телесната температура.
Кисело млеко
Студеното кисело млеко исто така ја извлекува топлината од телото и ги лечи изгорениците на кожата. Млекото ги задржува витамините А и Д, млечната киселина и мастите. Сето ова се работи кои ја регенерираат кожата.
Апчиња против болки
Ако навистина сериозно сте изгореле, можеби ќе ви треба дополнителна помош за да можете да ја издржите болката. Во оваа ситуација помага бруфенот и парацетамолот, но задолжително држете се до упатството.