Трогателна фотографија од две братчиња го потресе светот: Наскоро ќе бидат раздвоени поради страшна судбина

Застрашувачка фотографија која кажува повеќе од 1.000 зборови. Трогателната фотографија од две момчиња во прегратка го потресе светот, а зад сето тоа се крие многу тажна приказна.

Двете момчиња кои се гушкаат се двајца браќа, а фотографијата е направена во моментите кога постарото братче му кажува на помалото дека нема да живее уште долго. 

На фотографијата има двајца браќа, а постариот, кој има само 15 години, боледува од рак, а лек за неговата состојба нема.

На оваа фотографија тој се гушка со својот помлад брат Питер на кој штотуку му порача дека нема уште многу да живее.

Болното момче се вика Иан, нему во 2019 година му бил дијагностициран остеосарком. Неговото семејство било пресреќно кога по операцијата и неколку циклуси на хемотерапија им било кажано дека ракот го нема.

За жал, во ноември 2021 година дознале дека болеста не само што се вратила, туку се проширила низ телото.

Сега на Иан и неговото семејство им било кажано дека ништо повеќе не може да се направи и дека момчето наскоро ќе почине.

Кога Иан му ја соопштил трагичната вест на својот помлад брат Питер, малото момче било трогнато до солзи.

Кога Питер дознал дека на брат му му се одбројани деновите, притрчал во прегратките на Иан и неутешно плачел. Иан, од друга страна, остана храбар, го тешеше својот брат и му се извини што не можеше да го победи ракот.

Потресната фотографија од трогателниот момент беше објавена на Фејсбук од човек од Орегон по име Бенџамин Елиот, чија врска со Иан и Питер е непозната, и брзо се прошири на интернет, оставајќи многу корисници потресени.

- Без зборови, оваа фотографија испраќа многу посилна порака отколку што некогаш можеле зборовите - напишал Бенџамин со фотографијата.


Фото: Принтскрин/Фејсбук