Трогателна приказна: Разделбата на познатиот поранешен брачен пар од која можеме да научиме многу

Разделбата на познатата водителка и актер беше проследена со повеќе почит и љубов отколку што има во некои бракови.

Медиумите често пишуваат за врската што ја имаат водителката Наташа Миљковиќ и актерот Срѓан Тимаров, години откако се разведоа и често се наведуваат како пример за зрело однесување и меѓусебно почитување.

Поранешниот брачен пар, а денес најдобри пријатели се родители на момчето Лазар, кое е центарот на нивниот свет.

Како што еднаш истакна Наташа, како и секој развод, ниту нивниот не бил лесен, а опиша и трогателен момент кога се иселила од заедничкиот дом.

- Во нашиот случај при разделбата имаше болка и тага, себе преиспитувања, прашања дали тој е во право или јас, а да имаше его, веројатно се' ќе беше поинаку. Се враќаме на тоа дека не можеш да го ставиш егото пред љубовта која била голема и највредното нешто што произлегло од таа љубов - детето. Постои еден момент кој никогаш нема да го заборавам, тоа е кога се иселувам од нашиот стан. Срѓан ми помогна да ги донесам кутиите со работи во мојот стан, а потоа ме бакна во образ и ми рече: „Ти си многу добар човек“. И двајцата скршени, а јас влегувам во станот и ми доаѓа да врескам - рече еднаш Наташа за Ало.

Водителката важи за една од најубавите, а Срѓан истакна дека не само нејзината убавина предизвикала љубов кај него.

- Се заљубив во Наташа не само затоа што е убавица, што е очигледно, туку затоа што можеби убавината на нејзиното битие е поголема. Невозможно е да не ја сакаш – рекол тој.

Наташа во таа прилика истакна дека разводот спасил многу негативни емоции.

- Немам причина повеќе да му се лутам. Можеби сме се спасиле од фрустрации, недоразбирања, посесивност... Не знам во што би се претворил нашиот брак доколку останевме заедно - објасни таа.

извор:GLOSSY