ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Добивај вести на Viber

На денешен ден, ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ што го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија на доброволна основа.

Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека ТТК Банка АД Скопје е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на дејствувањето.

Сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ се доделува заради исполнетоста на критериумите во шест одделни области коишто се битни за потрошувачите, а се однесуваат на: обезбедување точни, недвосмислени, разбирливи и навремени информации, примена на чесни пазарни практики, овозможена комуникација и пристап кон банката за различни категории лица, воспоставен систем за одговорно управување со поплаки од потрошувачите, како и едукација на потрошувачите и  развој на финансиската писменост.

„Горди сме што моделот на фер и транспарентно работење на ТТК Банка е препознаен од страна на Организацијата на потрошувачите. Овој сертификат е потврда за висококвалитетните и професионални односи што ТТК Банка ги гради со своите клиенти. ТТК Банка веќе 15 години применува развиен, силен и одржлив модел на успешно деловно работење со фокус кон клиентите. Нашиот слоган „Кога сакаш повеќе“ ја открива нашата посветеност за создавање широко достапна понуда на производи и услуги прилагодена на современите потреби и брзиот начин на живот. Ова признание особено нѐ радува, а истовремено ќе претставува поттик за одржување на високите стандарди за ефикасна поддршка и креирање позитивно искуство кај нашите клиенти. Очекуваме успешна соработка со Организацијата на потрошувачите во подигнување на финансиската писменост.“ - изјави претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, д-р Драгољуб Арсовски.

„Задоволство ни е да го поздравиме вклучувањето на ТТК Банка во процесот на сертификација. ТТК Банка ги исполнува условите во сите наведени области и се стекнува со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“.  Сертификатот ја потврдува обврзаноста на ТТК Банка да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесува кон нивната доверба и задоволство“, изјави претседателката на ОПМ, д-р Маријана Лончар Велкова.

Сертификацијата се одвиваше врз основа на критериуми за верификација на исполнетоста на критериумите во наведените шест области, а е дел од европскиот проект за унапредување на заштитата на потрошувачите и застапување на нивните интереси во финансиските услуги. Проектот е спроведуван од ОПМ, а финансиран од oперативен грант од Програмата за потрошувачи на Европската Унија (2014-2020) преку Европската организација на потрошувачите (BEUC).

ТТК Банка АД Скопје продолжува со активна поддршка на физичките и на правните лица при остварување на нивните финансиски цели и потреби. Располага со широка деловна мрежа на вкупно 29 локации, од кои 8 во Скопје, а останатите 21 надвор од главниот град. Следејќи ги пазарните трендови во правец на постојаната и сè поприсутна веб-технологија, поедноставени, брзи, 24-часа достапни услуги, еден од главните приоритети на ТТК Банка АД Скопје останува постојаното вложување во новата технологија како и воведувањето нови функционалности и услуги преку дигиталните платформи за електронско и мобилно банкарство (Е-банк и М-банк).

ПР објава