Туфните се повторно во мода: Меланија Трамп во фустан што мора да го имате

Добивај вести на Viber

Првата дама на САД се врати од службениот пат во Аталанта со сопругот Доналд Трамп и повторно воодушеви со својот моден избор!

Меланија Трамп за оваа пригода избра бел лелеав фустан со црни туфни чиј стил потсетува на стариот холивуски гламур. Фустанот е со миди должина, без ракави и затворен околу вратот, а станува збор за дизајнот на Александра Рич,и е по цена од 2300 долари.

Нејзината линија е посебно нагласена со широк ремен, а целата комбинација, 48-годишната дама ја комбинираше со темнокафени салонки на шпиц.

Аутфитот го потполни со долг капут во крем боја, кој го префрли преку рамена. Без накит и со едноставена шминка, пуштена коса и големи црни очила за сонце докажа дека безвременската елеганција на Меланија и е единствен избор.