Турската актерка Неслихан Атагул поради тешка болест имала само 45 килограми: Сега изгледа подобро од било кога

Кога турската актерка Неслихан Атагул (29) се онесвести поради тешка цревна болест на снимањето на серијата „Ќерката на амбасадорот“ и засекогаш го напушти снимањето по 36-та епизода, публиката беше многу загрижена за нејзиното здравје и изглед.

Ја изгуби силата, изгледаше бледо и изнемоштено, ослабе 45 килограми и се чинеше дека нејзиното закрепнување од синдромот на пропустливост на цревата, кој предизвикува штетни материи како бактерии, вируси и токсини да навлезат во крвотокот, ќе трае долго. Така беше навистина. Но, денес убавата актерка изгледа подобро и посреќно од било кога, а публиката едвај чека да ја види во некој нов проект.


Неслихан веќе имавме можност да ја погледнеме во сериите „Ќе бидеш моја“ и „Прашање на честа“, во серијата „Ќерката на амбасадорот“ се појави како храбрата, но и несреќна убавица Нара.


Родена е во 1992 година во Истанбул. Нејзиното семејство не било богато, татко ѝ работел како возач, а мајка ѝ била домаќинка и решила да ја истурка ќерката како модел и го испратила нејзиното портфолио во различни модни агенции. До својата 14-та година, Неслихан снимила бројни кампањи за турски брендови, со што ја добила првата улога во турскиот филм „Прва љубов“ во 2006 година. Улогата ја издигна до ѕвезда и оттогаш глумеше во многу други турски филмови и серии, а беше и наградена за нејзината работа.


Убавата Турчинка, која на Инстаграм ја следат повеќе од 12,5 милиони луѓе, е сопруга на турскиот актер кој и е добро познат на локалната публика. Кадир Догул, е добро познат на публиката, него имавме можност да го погледнеме во серијата „Научи ме да сакам“ и во „Прашање на честа“, на чие снимање двајцата се заљубија. 




Двојката се венча во 2016 година на брегот на Босфорот, а по раскошната венчавка, медениот месец го поминаа на Малдиви.

Интересно, на нивната венчавка непоканет се појави уште еден популарен турски актер Бурак Озчивит, кој глумеше со Неслихан во серијата „Ќе бидеш мој“ и кој е нејзино поранешно момче.


Неслихан и Бурак беа познати како најдобрата и најбарана актерска двојка во Турција, но таа подоцна го исмеа во медиумите и рече дека тој воопшто нема талент, што им наштети на инаку добрите односи кои ги имаа по разделбата.



Фото: Инстаграм - neslihanatagul/kadirdogulu

Погледнете ги овие турски актерки: Нè фасцинираа во сериите, а приватно се уште поубави