Турски одбојкарски пар замина заедно во смрт во кобниот земјотрес: Потажно не може да биде

Сопружниците Чакир биле врвни одбојкари, Бедретин уште играл, а Бетул се простила од активното играње летово.

Поранешната одбојкарка Бетул Чобан Чакир и нејзиниот сопруг, одбојкарот Бедретин Чакир, се жртви на катастрофалниот земјотрес што во понеделникот рано наутро ја погоди Турција.

Трагичниот земјотрес не избра жртви, но веќе може да се тврди дека најмногу ја погодил одбојкарската јавност во оваа земја. Според пишувањата на локалните медиуми, 14 одбојкари се под урнатините во градот Хатај, а засега не е објавена информација која би дала надеж за среќен крај на оваа драматична битка со времето и ѕидовите на срушените згради.

Во понеделникот вечерта стигна трагична вест од Кахраманмарас. Бетул Чобан Чакир и Бедретин Чакир загинале  во земјотресот во гратчето оддалечено 80 километри од Газиантеп. Бедретин до неодамна настапувал за Газиантеп Меринос, клуб кој игра во втората лига, додека неговата 27-годишна сопруга летово се простила од активното играње.

Бедретин Чакир имаше 30 години. Неодамна настапувал за Кахраманмарас, а претходно играл и за Халкбанка.


ФОТО: Инстаграм screenshot