Турскиот Бред Пит, Киванч Татлитуѓ, стана татко: Откри како го избрале името на новородениот син

Киванч Татлитуѓ, главниот лик во серијата „Украдено минато“ на Dizi, веќе цел месец го доживува чувството на татковство, со среќата што го дава ова ново искуство како родител. Тој конечно го даде своето прво интервју во најважната улога во животот – улогата на татко во која се оствари со сопругата Башак.

Но, покрај убавата вест за раѓањето на неговиот син, она што веднаш паѓа во очи кај новиот татко и познат глумец на неговиот Инстаграм профил, е неговиот нов имиџ без мустаќи. 

Не премиерата на неговиот најнов проект, Киванч со неговиот нов стил го сподели чувството и досегашното искуство со малиот син Курт Ефе.
Тој изрази голема благодарност за топлиот одзив на публиката по повод раѓањето на синот и зборуваше и за неспоредливото чувство што му го дал неговиот син, велејќи: „Ова е најубавото чувство на светот, не можам да најдам зборови!“


Зборувајќи за значењето на името Курт Ефе, актерот рече дека откри дека и двете имиња имаат посебно значење. „Курт“, беше инспирирано од еден претходен проект, лик кој беше многу значаен за актерот. „Ефе“ стои со цел да му пренесе порака на синчето: да биде добар за себе и за своето семејство, но и за својата нација.

Киванч Татлитуѓ е дел од многу познати турски серии, а кај нас моментално е актуелен во улогата на Цесур Алемдароглу во „Украдено минато“.

Во фокусот на приказната се двајцата главни протагонисти – Цесур и Сухан. Во неа, Цесур се враќа во својот роден крај, мало гратче во околината на Истанбул, Кордулаѓ, со цел да му се одмазди на таткото на Сухан, Тахсин Кордулаг поради нивното вековно семејно непријателство.

Цесур е човек кој доживеал големи трагедии и е во постојана потрага за вистината за своето семејство. По случајна средба со Сухан, тие се заљубуваат и Цесур станува дел од семејството на неговиот непријател. Дали неговата љубов кон Сухан ќе го спречи да продолжи со одмаздата кон Тахсин или и љубовната врска со Сухан е дел од неговиот план за одмазда?

Нашите гледачи можат да уживаат во случувањата од животите на Цесур и Сухан, секој ден од 16:45 на каналот Dizi.

Познатиот Езел и неговата 13 години помлада сопруга добија второ дете: На девојчето му дадоа име кое крие моќна симболика