Турскиот Џорџ Клуни се ожени по трет пат на 50 со 23 години помлада од него: Сега ужива на меден месец во Дубаи
Еден од најпознатите турски актери Озџан Дениз неодамна се ожени, влегувајќи во својот трет брак. Трета среќа или не?
Времето ќе покаже. Избраничка на Озџан Дениз (50) е 23 години помладата модна креаторка Самар Дагдар, со која започна врска во 2021 година.
Деталите од венчавката ги објавија на Инстаграм каде открија и дека моментално се на меден месец во Дубаи.
Самар на венчавката изгледаше прекрасно во раскошна венчаница, додека младоженецот носеше костум во неутрална боја. И навистина било весело на свадбата.
Ѕвездата на серијата „Истанбулската невеста“ Озџан Дениз беше во брак со Хандан Дениз од 1991 до 2000 година.
Неговиот втор брак траеше само една година, од 2018 до 2019 година. Со втората сопруга Фејза Актан, тој доби син и се бореше за старателство над детето.
„Го гледам син ми четири пати месечно. Тоа не е доволно ниту за мене, ниту за син ми. 10 дена се немам слушнато со него. Денеска му е роденден и не можам ниту да го видам ниту да го слушнам. Барам од судот да ми даде апсолутно старателство над него Ова ми го уништува животот, не можам повеќе да го правам ова“, изјави актерот на суд.
Старателството ѝ било доделено на мајката, а зголемен е и бројот на денови во кои Озџан можел да го види синот.
ФОТО: Инстаграм