Турунџиева ѝ ја оствари желбата на Дени: Девојчето запеа заедно со Атиџе (ВИДЕО)

Емотивно видео кое од кое ќе ви надојдат солзи на очите, сподели на социјалните мрежи Сузана Турунџиева.

Таа и ја исполни желбата на Дени Жерновска, девојче кое е осмо одделение во ООУ Гоце Делчев во Скопје.

Дени имала голема желба да се запознае и да запее заедно со медената Атиџе а поради пријателството кое го има Сузана со неа, ова било лесно да се оствари.

Дени е среќна што запеа со Атиџе а песната „Чекор по чекор“ ја испеа од срце со хероината која минатата година ја прослави нашата земја.


„Атиџе е човек кој премногу ги сака децата. Мојата ученичка  Дени Жерновска е осмооделенка која премногу ја сака Атиџе и музиката .

Денес, одлучив да ја исполнам нејзината желба и да им пружам можност (на дистанца) да се запознаат и заеднички да запеат“ -напиша Турунџиева на Фејсбук постирајќи неколку фотографии и видео.



Фото-Видео: фејсбук
Може да ве интересира: