Твој кро лајф инвест: Инвестиција со која си го олеснувате животот

Добивај вести на Viber

Како што старееме, засноваме семејство, почнуваме да работиме така сфаќаме дека животното осигурување е реална потреба и еден од темелите на добриот финансиски план во животот. Важно е да се знае дека животното осигурување не е недостижно и дека со редовни примања нема изговор да не се склучи навреме. Мит е дека не треба да се размислува за животно осигурување додека сме млади бидејќи колку порано почнеме да се фокусираме на иднината и дел од парите да издвојуваме за животно осигурување, условите за осигурување се подобри, а средствата што сме ги уплаќале со години можат да ни користат за најразлични цели: поудобен живот, реновирање на домот, школување на децата, отплата на долгови и др. Предноста на животното осигурување е што со негово договарање се чувствуваме полесно, знаејќи дека парите што ги издвојуваме ќе нѐштитат нас и нашите најблиски во несакани ситуации.

На осигурителниот пазар во последно време е актуелна и опцијата преку полисата за осигурување на живототистовремено да се вложува и во инвестициски фондови. Во таков случај, со еден производ се добива животно осигурување и можност за дополнителен принос од вложување во удели во инвестициски фондови.Освен заштедата што се добива по истекот на полисата во износ кој е договорен и загарантиран, корисникот преку вложените средства во инвестициски фонд може да добие и дополнителна сума.

ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ- инвестициско осигурување на животот е производ на Кроација осигурување, при што компанијата има воспоставено соработка со неколку инвестициски фондови. Станува збор за производ скроен по мерка при што, согласно со потребите, желбите и можностите, сами избирате колкав дел од премијата ќе насочите за осигурување на животот и инвестицискиот дел од премијата кој е директно врзан за цената на уделите на избраниот инвестициски фонд. По истекот на рокот на осигурувањето се исплаќа делот што бил вложен во избраниот инвестициски фонд по цена на уделите на фондот во тој момент, како и осигурената сума од договорената полиса.

Овој тип осигурување е наменет за вложувачитешто се подготвени да прифатат распределба на ризикот преку комбинирано/балансирано вложување - вложување во инвестициски фондови со цел остварување повисок очекуван принос на вложените средства и вложување во осигурувањето на животот во случај на смрт и доживување со цел обезбедување гарантирана осигурена сума.

Траењето на овој тип осигурувањеможе да биде од 10 до 25 години, а се опфаќаат лица на возраст од 14 до 65-годишна возраст, кои сами го избираат инвестицискиот фонд.Плаќањето може да биде месечно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно, минималната премија при еднократна уплата изнесува 2 500 евра, додека минималната премија при повеќекратна уплата е во износ од 300 евра.

Предноститена ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ инвестициското осигурување се:временски и просторно неограничено осигурување, можност за остварување атрактивен принос со умерен ризик, професионално управување со средствата на фондот, диверзификација на портфолиото по земји, валути, инструменти, автоматско реинвестирање на добивката и намалени трошоци за управување со средствата доколку се инвестира индивидуално во фондот, односно инвестирањето во фондот е без влезна провизија.

ПР објава