Твојата плата во Халкбанк вреди повеќе

Добивај вести на Viber

Имањето тековна трансакциска сметка денес е основ за функционирање на сите лица. Преку неа се примаат сите приходи - плати, пензии, стипендии и останатите редовни и нередовни примања, преку неа се вршат плаќања или се креираат штедни влогови. Трансакциската сметка е поврзана со дебитната картичка преку која што може да се вршат плаќања на пос терминали или онлајн плаќања кај трговците кои ја овозможуваат услугата е-трговија. Воедно, преку услугата електронско и мобилно банкарство трансакциската сметка може да се користи за онлајн плаќање на режиски трошоци, креирање шаблони за редовни месечни плаќања, депонирање средства на депозит, плаќање рати за кредит, како и водење евиденција и следење на месечните трошоци.

Халкбанка која постојано води грижа за потребите на граѓаните, ја креираше услугата „Примател на плата” што, покрај обезбедување пристап до паричните средства на тековна сметка, на секој корисник му носи и низа други значајни бенефиции. Па, еве да ве запознаеме со некои од нив.

Секој што ќе отвори трансакциска сметка во Халкбанк и преку неа остварува редовен личен доход добива Mastercard Debit Contactless дебитна картичка со која може да подигнува готовина од банкоматите на сите банки во земјата без провизија. Иако Халкбанк има широка мрежа на сопствени современи банкомати кои нудат различни услуги, како депонирање готовина на својата трансакциска сметка или, плаќање долг на кредитната картичка, сепак оваа можност нуди целосна слобода бидејќи средствата ви се на располагање преку користење на најблискиот банкомат и тоа без наплата на провизија.

Со добивање плата преку сметка во Халканк, добивате и можност за дозволено пречекорување на тековната сметка во висина до три месечни плати, кое секако не морате да го користите, но ви е „секогаш на дофат“ доколку ви се појави непредвидлива потреба за средства со кои што во моментот не располагате.

Уште една можност што ја нуди банката за обезбедување средства за задоволување на одредени ваши потреби се кредитните картички од светските брендови Visa и MasterCard. Со нив, не само што секогаш ќе имате дополнителен извор на средства, туку ќе можете и да пазарувате на рати без камата во мрежата на трговци со кои Банката има склучено договор за рати без камата и да добивате бонус поени за секоја трансакција.

Бонус програмата на Халкбанк се состои од добивање одреден процент на попуст при одредени пазарувања, кој на вашата сметка се евидентира како бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, на овој начин остварувате средства  кои потоа може да ги искористите на било кое продажно место каде што постои ПОС терминал на Халкбанк.

Халкбанк, како лидер во воведувањето нови технологии, на сите кои отворат сметка во банката им нуди и современо, брзо и сигурно електронско имобилно банкарство кое овозможува добивање нотификации за примена плата како и за секој прилив и одлив, но и извршување на останати обврски online

За приматели на плата, пензија и дополнителни примања на трансакциска сметка во Халкбанк креиран е и производот Мој депозит“ со кој, со повластени каматни стапки можете да креирате штеден влог.

Секако не треба да се заборават и кредитните производи на банката. Примателите на плата во Халкбанк ја имаат и можноста да го користат и новиот производ на Халкбанк – Онлајн кредитот со кој до средства во висина до 300.000 денари можат да дојдат без да одат во банка бидејќи целата постапка се одвива преку интернет. Потребно е клиентите да се логираат на нивното електронско банкарство, да пополнат апликација на табот „online производи“ и за помалку од 5 минути имаат одобрен кредит. Каматната стапка е фиксна за целиот период и изнесува 5,5%, а рокот на отплата е до 60 месеци.

Бидејќи трансакциска сметка во Халкбанк е идеално место за сите ваши приходи,не размислувајте. Доколку сега се вработувате, отворете сметка во Халкбанк и добивајте ја вашата плата во банката која води вистинска грижа за своите клиенти. Истото можете да го направите и ако веќе земате плата или пензија во друга банка, бидејќи со префрлањето во Халкбанк ќе можете да ги користите бенефициите кои што таа ги обезбедува за вас.

ПР објава