Учениците од средното училиште Ристе Ристески – Ричко започнаа пракса во Тутунски Kомбинат Прилеп

Добивај вести на Viber

Ученици од средното општинско училиште Ристе Ристески – Ричко во Прилеп пред еден месец започнаа со практична настава во Тутунски Kомбинат Прилеп. Со пракса започнаа седум средношколци од електро-машински сектор што кореспондира на потребите на ТКП. Соработката и практичната настава е дел од Меморандумот потпишан меѓу ТКП и Средното општинско училиште ,,Ристе Ристески – Ричко”.


“Со започнување на практичната настава за нашите ученици, продолжува соработката со ТКП.Реализацијата на практичната настава го зголемува и значењето на соработката којашто добива вистинска вредност и директно се одразува на нашите ученици. Ја поттикнува мотивираноста на учениците, ги обучува во кадри кои во иднина може да бидат дел од колективот на фабриката и со тоа им отвора нови перспективи. Ваквиот чекор на Тутунски комбинат ги актуелизира помалку запоставените технички струки, што несомнено имаат големо значење за индустрискиот сектор, посебно на локално ниво”,изјави Билјана Трајкоска, директор на средното училиште.

За значењето што компаниите го имаат во подобрување на локалниот социо-економски статус и за потенцијалите на младите образовани кадри, директорот на ТКП, Кире Станкоски рече:

“Како компанија ориентирана кон индустриски производни процеси, многу добро ја разбираме улогата на стручното образование и техничките кадри. Постојано имаме потреба од овие профили, со оглед дека Тутунски Kомбинат Прилеп со помош на Филип Морис помина процес на модернизација со што значително го зголеми производните стандарди и токму затоа имаме потреба од добро профилирани технички кадри со теоретски знаења кои ќе ги надградат со практична работа во современа компанија со модерни стандарди за работа. Ова е пример како треба да соработуваат индустрискиот сектор и образовните институции”, изјави Станкоски.

Меморандумот за соработка меѓу компанијата ТКП и средното општинско училиште Ристе Ристески – Ричко беше потпишан пред 2 години. Заедничката компанија на Филип Морис и Тутунски комбинат Прилеп, ФМТКП пред две години  во училишниот центар вложи 80 илјади долари во реновирањето на училниците за стручна настава и опремување со најсовремена опрема. 

ПР објава