Училиштето „Јосип Броз Тито“од Струга подготвено за настава во услови на пандемија: Браво за целиот колегиум

Новата учебна година 2020/2021 поради пандемијата од коронавирус наместо на 01 септември ќе започне утре. Но, истата ќе се одвива на два начини, децата од прво до трето оддделение ќе имаат можност физички да присуствуваат на наставата, додека останатите ученици од четврто до деветто одделение и средношколците наставата засега ќе ја следат преку онлајн платформа.

Училиштата во земјава ги прават последните подготовки за почетокот на учебната година, еден таков позитивен пример за Основно училиште кое подготвило се за беспрекорно одвивање на наставниот процес во услови на пандемија е училиштето„Јосип Броз Тито“ од Струга.

На нивната официјална страница на фејсбук, училиштето сподели фотографии од подготвените училници и напиша:  „Почитувани ученици и родители, ООУ “Јосип Броз Тито” е спремно.

Раководниот и стручниот тим во нашето училиште напорно работеше неколку месеци за да обезбедат беспрекорно одвивање на наставниот процес во услови на пандемија.

Наставната година започнува на 01.10.2020 година (четврток) со физичко присуство за учениците од I до III одделение во централното училиште во Струга и во подрачните училишта во с.Мислешево, с.Враништа и с. Радожда и онлајн настава за учениците од IV до IX одделение.

На сите ученици и наставници им посакуваме среќен почеток и успешна наставна година“.


Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира:

Додека сите бараат модели за настава: Градинката „Мајски Цвет“ од Битола одржува час во природа