Удобно спиење за време на бременоста: Која е најдобра позиција за мајката и бебето?

Добивај вести на Viber

Како да ги решите проблемите со несоница во текот на бременоста?

За време на бременоста, особено по првото тримесечие, лежењето на стомак повеќе не е возможно, а поради засилената работа на телото и промените на хормоните, многу жени спијат повеќе од претходно.

Напредната бременост пак може да донесе со себе некои нови проблеми, меѓу кои најчест е проблемот со спиењето. Бидејќи стомакот расте и телото драстично се менува, на бремените жени може да им биде потешко удобно да се прилагодуваат на спиењето преку ноќта и одморањето.

Без оглед која била вашата омилена или најдобра позиција за спиење пред бременоста - сега правилата мора да се променат, барем кога станува збор за правилата за спиење. Ова е особено точно за жените кои спиеле најмирно на стомак.

За многу жени, бременоста е период кога многу работи се менуваат, дури и положбата на спиење. Многу бремени жени се жалат дека губат квалитетен сон што го имале претходно за време на бременоста. Експертите имаат совети како да го промените тоа.

Избегнувајте да спиете на грб

Најчеста положба на спиење кај многу жени пред бременоста е на грбот или стомакот. Како што напредува бременоста, спиењето на стомак ќе биде невозможно, но и опасно од јасни причини.

Сепак, препораката на експертите е да избегнувате да спиете на грб. Причината за ова лежи во фактот дека со текот на времето, како што расте стомакот и се развива и напредува бебето, стомакот може да започне да претставува голем товар на 'рбетот, но исто така и на цревата и долната шуплива вена, со што се враќа крвта од долниот дел во срцето.

Лежењето додека спиете за време на бременоста може да доведе до влошување на болката во грбот, тешкотии во циркулацијата, дишење, влошување на варењето на храната, но може да предизвика и други проблеми како хипотензија или низок крвен притисок. Нарушената циркулација може да биде проблем и за бебето и за мајката затоа што може да го намали протокот на крв во срцето и бебето токму затоа што стомакот притиска на аортата и долната шуплива вена.

Разбирливо е дека нема да ја поминете цела ноќ спиејќи во една положба, па доколку во еден момент се најдете на грб - не грижете се. Препорачливо е да не лежите на грб постојано и цела ноќ, особено во последните месеци од бременоста.

Најдобра позиција за спиење- на лева страна

Бидејќи спиењето на стомак и грб е „исклучено“, спиењето на страна останува. Сепак, важно е на која. Експертите препорачуваат да се одлучите за левата страна и да спиете на неа за време на бременоста - и еве зошто!

Генерално спиењето на едната страна од телото го намалува товарот на 'рбетот, благодарение на што грбот може да мирува во текот на ноќта. Со тенка перница помеѓу колената - дополнително ќе ја ослободите карлицата, која е оптоварена со тежината на желудникот во текот на целиот ден. Во оваа позиција, стомакот не претставува никаков притисок врз дијафрагмата - така дишењето нема да ви биде тешко, што е многу важно за здрав и правилен сон.

Спиењето на десната страна може да доведе до зголемен физички притисок врз црниот дроб, токму затоа што стомакот претставува одредено оптоварување - и со текот на времето станува сè поголем. Покрај тоа, постојат и други причини зошто треба да ја изберете левата страна за спиење.

Спиењето на левата страна на телото за време на бременоста може да ја зголеми количината на крв, а со тоа и хранливите материи што стигнуваат до плацентата и со тоа го хранат бебето. Ова се случува како резултат на фактот дека во оваа позиција матката се наоѓа на спротивната страна на аортата. Кога матката притиска на голем крвен сад, протокот на кислород се намалува, што може да доведе до вртоглавица кај бремени жени - како прв знак за опасност од намалено снабдување со кислород, што влијае и на бебето.


Перниците Лала можат да ви помогнат да ја промените положбата на спиење. Овие специјализирани долги перници за бремени жени, што можете да ги ставите меѓу нозете во пределот на коленото, ќе ги направат вашите нови позиции за спиење поудобни, сè додека не се навикнете.

Специјализирани перници за трудници- решение за неудобното спиење

Перниците за трудници Лала (160x80cm), значително го олеснуваат спиењето и лежењето во текот на тие убави, но понекогаш особено тешки девет месеци. Со местење на перницата под стомакот се намалува притисокот на долниот дел на грбот и го придржува стомакот, го олеснува спиењето и ги опушта мускулите и го решава честиот проблем кај трудниците – болката во грбот и отоците на нозете.

Како што расте вашиот стомак и напредува бременоста - овие позиции ќе бидат вашиот единствен начин за спиење и одмор во текот на ноќта. Затоа треба да започнете да се прилагодувате навреме за да спречите проблеми со спиењето во подоцнежниот период од бременоста.

Овие повеќенаменски перници се специјално дизајнирани да добиете комфор и потпора на целото тело, опуштајќи ги сите мускули на него.

Зошто перниците за трудници Лала се вистинскиот избор?

  • Го помагаат спиењето на страна во бременоста
  • Даваат потпора на грбот, стомакот, колковите и колената 
  • Ги опуштаат сите мускули
  • Потпора за мајката и бебето во периодите на доење 
  • Исполнети со антиалергиски силиконски снегулки
  • 100% памучна навлака која се вади и пере

Покрај многубројните придобивки кои ги добивате со овие перници, веднаш ќе ве освојат и еднобојните или пак, шарени дезени кои совршено ќе се вклопат во вашата спална соба.

Доколку сте во исчекување на вашето бебе, или пак сè уште се двоумите кој е идеалниот подарок за вам блиска личност која наскоро ќе стане мајка, сега го знаете одговорот. Нарачајте перница за трудници Лала и уживајте во бременоста или пак, бидете причина за нечиј спокоен сон.

Фото: Shutterstock

* ПР објава