Уметност на живеењето, миксологија на вкусови: 11-то државно првенство на бармени во Македонија

Добивај вести на Viber

По единаесетти пат оваа година во реномираниот ресторан Four ќе се одржи Државното првенство на бармени во Република Македонија.

Врвни техники, совршено поставени услови според светските IBA стандарди, стручно маневрирање со алкохолни пијалоци, супер автентична коктел атмосфера, тоа не очекува на 24.04.2018 – ден кога 30 македонски бармени се борат за учество на светското првенство на бармени во Талин.


Македонија веќе 11-та година по ред ја воздигнува коктел културата преку Здружението на бармени на Република Македонија, кое е единствена институција од овој калибар.

Државното првенство на бармени оваа година има богата и колоритна програма која опфаќа неколку едукативни семинари, предизвици и секако натпревари кои не носат до самото финале кое триумфира со издвоени победници на истиот.


Настанот бележи официјален почеток на 24.04.2018 во 10.00 часот, кога ќе пристигнат самите натпреварувачи и ќе учествуваат во лотаријата за редослед.

Како дел од квалификациите се очекува место да заземат 30-тина учесници, кои ќе бидат оценувани од технички судии според неколку критериуми:

- брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел

- работа со барски прибор

- умешност при декорација

- внимавање на хигиена при подготовка на коктел како и на бар простор

- ниво на позитивна енергија

- secret tasting ( тајно оценување на вкус позади сцена )

Победникот ќе го претставува Здружението на бармени на Македонија на World CocktailCompetition во Талин, Естонија.

Најдобрите од најдобрите освен можноста да ја претстават нашата република надвор ќе се стекнат со бројни едукативни можности и семинари за надградба на својот потенцијал.


На државното првенство кое ќе се одржи во ресторанот Four влезот за сите заинтересирани посетители е бесплатен.

Очекувајте изненадувања,новитети, промо коктели и автентични вкусови пред се. Понесете ја Вашата поддршка за уште едно поинакво коктел искуство кое ќе ја развие општата коктел култура на едно повисоко ниво.

Ви ветуваме одличен настан кој се планира цела година а се дегустира во неколку префинети часа!

Со помош на спонзорите Johnnie Walker, J&B, Bulleit bourbon, Smirnoff, Monin, Nescafe, Red Bull,  Tanqueray, Gordons, Finsbury, Hendrick’s, Pampero blanco, Angostura, Sierra, Hennessy, Captain Morgan, Jegermaister, Baileys, Marie Brizard, Schweppes,Old Pascas, ДИЕМ-ГП, Thomas Henry како и ресторанот Four, УТМС се одржува самото првенство како и повеќето едукативни семинари.

Повеќе информации за комплетната агенда може да најдете на веб страната http://www.bar.mk/ .