УНИБанка го одржа вториот по ред турнир по тенис за своите клиенти „UNIBank Invitational 2022„
Пред бројна публика и во одлична атмосфера и оваа година УНИБанка и тенискиот клуб АБЦ Мондано беа домаќини на тениски турнир за ВИП клиентите, соработниците и пријателите на банката.
Турнирот со натпреварувачки карактер беше отворен на 19 мај со поздравен говор на извршниот директор на УНИБанка Владислав Хаџидинев, а финалето се одржа на 22 мај.
Покрај тенис и награди за возрасните, годинава УНИБанка им овозможи и на најмладите да се забавуваат, да добијат бесплатен час по тенис, но и да се натпреваруваат за вредни награди.
Натпреварите ги следеа и официјални судии и делегат кој се погрижи за регуларноста.
Во категоријата деца, односно црвен и портокалов тенис, учествуваа 36 деца, а во категоријата зелен тенис 25 деца.
Во категоријата Тинс се натпреваруваа 17 учесници, а во финалето Максимилијан Алексовски беше подобар од Петар Дуљанов.
Меѓу жените најдобар успех покажа Моника Бориќ. Таа ја совлада Мартина Ристеска и ја понесе првата наглада - инвестициско злато од 5 гр. Финалистката Ристовска се закити со награда инвестициско злато од 2 гр.
Во конкуренција од 30 наптреварувачи мажи, со инвестициско злато од 5 гр се закити Петар Трајковски, кој успеа да го совлада Робертино Николовски, кој освои инвестициско злато од 2 гр.
УНИБанка се одлучи годинава да ги награди победниците со инвестициско злато, производ што за првпат во Македонија го воведува токму Банката.
“Целта на турнирот е надградување на релациите со нашите ВИП клиенти и вреднување на нивната лојалност и доверба кон нас. Со овие спортски денови покажавме дека Банката се грижи за своите клиенти и преку дружење надвор од строгите деловни рамки - велат од УНИБанка”.