УНИБанка со вистински решениjа за своите клиенти за надминување на кризата

Добивај вести на Viber

Во услови на економска криза заради појавата на КоронавирусCOVID-19, УНИБанка како општествено одговорна компанија превзема значаjни активности за подобрување на финансиската состоjба на своите клиенти во време кога на сите ни е потребна доза на сигурност и доверба.

УНИБанка понуди низа олеснителни поволности, вклучително ијавна понуда до сите свои клиенти физички лица за промена на договорните услови на кредитнитепродукти кои истите ги користат.

Објавената понуда ги опфаќа сите кредитни продукти на Банката за физички лица. За потрошувачките, станбени и хипотекарни кредити со месечна отплата, Банката понуди грејс период од 6 (шест) месеци, во кој период клиентите нема да плаќаат ниту главница ниту камата, а првата следна ратаќе доспее дури по 10-тиОктомври 2020 година.

Важно за клиентите е дека по истекувањето на грејс периодотмесечната рата нема да биде зголемена,туку ќе се пролонгира крајниот рок за измирување на кредитот.

Оваа понуда, наменета за физички лица, беше широко и позитивно прифатена од нашите клиенти, каде дури 74% од нив ја прифатиjа истата.

Во однос на правните лица погодени од кризата, УНИБанка, како и во досегашното свое работење, има индивидуален пристап кон секоjа компаниjа поединечно, соодветно на специфичноста на неjзината деjност.

Банката активно нуди соодветни решениjа и олеснувања на повеќе од 350 свои клиенти правни лица, микро, мали и средни предприjатиjа од териториjата на целата држава, со вкупна кредитна изложеност од над 45 мил евра.

Дел од понудените решениjа вклучуваат одобрување на греjс период за главница и камата, пролонгациjа на крајниот рок на измирување на обврските кон Банката, намалување на ратите, како и консолидациjа на постоечката кредитна изложеност во една со флексибилен амо план согласно деjноста на компаниjата.

Целта на понудените поединечни решениjа е компаниите да го задржат своето работење, вработените, своите бизнис партнери, а со тоа да обезбедат финансиска стабилност во наредниот период за успешно надминување на кризата.

УНИБанка секогаш се залага за едноставни и иноватини решенија, кои максимално ја олеснуваат работата на нашите клиенти. А нашите клиенти се на прво место за нас.

Банката ја разбира потребата на своите клиенти брзо и едноставно, само во неколку чекори, да ги извршуваат своите плаќања, било од дома преку компјутер или во движење преку мобилен телефон.

Токму, Е-банкарствотона УНИБанка го нуди тоа, за клиентите физички лица, услугата е без провизија за електронски налог, како и без месечен надомест за користењедо 31-ви Маj 2020 година.

Превземањето на бесплатните мобилни апликации My Unibank и UNI Token е брзо и едноставно, на Вашиот мобилен телефон или таблет, а со тоа имате електронско банкарство „од“ секаде и секогаш со Вас.

УНИБанкаовозможи и предвремена исплата на пензиите за месец Март и Април и воедно во овој период на сите свои клиенти пензионери им издаде бесплатна дебитна картичка, за да имаат пристап 24/7 до своите парични средства преку широката мрежа на банкомати на Банката.