УНИЦЕФ и СЗО предупредуваат на влошена состојба и услови за појава на морбили кај децата
Зголемениот број случаи на морбили што се појавија во јануари и февруари 2022 година е предупредувачки знак за зголемен ризик од ширење на болести што може да се спречат со вакцини и може да доведат до голема епидемија, особено епидемија со морбили што може да зафати милиони деца во 2022 година, предупредуваат СЗО и УНИЦЕФ.
Нарушувањата предизвикани од пандемијата со што се зголеми нееднаквоста во пристапот до вакцини и пренасочувањето на ресурсите од рутинската имунизација, оставија многу голем број на деца без заштита од морбили и други болести што може да се спречат со вакцини.
Ризикот од голема епидемија се зголеми бидејќи државите ги ублажија мерките за одржување физичка дистанца и другите превентивни мерки за заштита од КОВИД-19 кои се применуваа во екот на пандемијата. Покрај тоа, раселувањето на милиони луѓе поради судирите и кризите во Украина, Етиопија, Сомалија и Авганистан, нарушената рутинска имунизација и услуги за вакцинација против КОВИД-19, недостигот од чиста вода и санитација и пренаселеноста го зголемуваат ризикот од појава на болести што може да се спречат со вакцина.
Речиси 17,338 случаи на морбили се пријавени во јануари и февруари 2022 година ширум светот,
споредено со
9,665
случаи во текот на првите два месеци од
2021година. Бидејќи морбилите се многу заразни,
во услови на намалено ниво на вакцинација брзо се зголемува бројот на новозаразени случаи.
Двете агенции на ОН стравуваат дека
појавата на морбили е предзнак за избувнување на други болести што се шират побавно. Покрај директните физички последици кои може да бидат смртоносни,
вирусот
со морбили го ослабнува и имунолошкиот систем на детето и тоа станува
поранливо на други заразни болести како што се пневмонија и
дијареја,
дури и неколку месеци по инфекцијата со морбили.
Повеќето
случаи се појавуваат на места каде што постојат социјални и економски
тешкотии настанати како последица на епидемијата со КОВИД-19,
судири или други кризи и хронично слаба инфраструктура на здравствениот систем и несигурност. „Морбилите не се само опасна и потенцијално смртоносна болест, туку сериозен
знак дека постои јаз во глобалниот опфат со имунизација од кој први страдаат ранливите деца,”рече
Кетрин Расел,
извршен директор на УНИЦЕФ.
„Охрабрува тоа што луѓето во многу заедници почнуваат да чувствуваат дека се доволно заштитени од КОВИД-19 и се
подготвени да продолжат со поголемиот дел општествени активности.
Но кога тоа се прави на места каде децата не добиваат рутинска вакцинација, се создаваат совршени услови за ширење
на болести како што се морбилите.” Во
2020 година,
23 милиони деца низ целиот свет не ги примиле основните вакцини преку рутинска вакцинација што претставува највисока бројка од
2009 година и опфаќа
3.7
милиони деца повеќе од 2019
година.
5 земји со најголем број пријавени случаи на морбили во последните 12 месеци,
до април 2022
[1]
Земја
Пријавени случаи на морбили
Стапка на милиони случаи
Опфат со прва доза за морбили
(%), 2019[2]
Опфат со прва доза за морбили
(%), 2020[3]
Сомалија
9,068
554
46
46
Јемен
3,629
119
67
68
Авганистан
3,628
91
64
66
Нигерија
12341
58
54
54
Етиопија
3039
26
60
58 Заклучно со април 2022
година,
агенциите соопштија за 21 голема епидемија со морбили ширум светот во последните 12 месеци.
Најголем број случаи со морбили се пријавени во Африка и во регионот на Источен Медитеран.
Бројките
се веројатно повисоки бидејќи системите за надзор беа нарушени на
глобално ниво, со потенцијално недоволно пријавување на случаите.
Меѓу земјите со најголема епидемија на морбили од минатата година се Сомалија,
Јемен,
Нигерија,
Авганистан и Етиопија.
Недоволниот опфат со вакцини за морбили е главната причина за нивната појава, без разлика каде тоа се случува.
„Пандемијата со КОВИД-19
доведе до нарушување на услугите за имунизација,
здравствените системи беа преоптоварени, и сега сме соочени со повторна појава на смртоносни болести меѓу кои и морбили.
За многу други болести, влијанието на нарушувањата на услугите за имунизација ќе се чувствуваат со децении,”
рече Др. Тедрос Адханом Гхебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација.
„Сега
е време да ја вратиме основната имунизација и да започнеме кампањи за
опфат на децата кои пропуштиле вакцинација за сите да добијат пристап
до вакцини што спасуваат животи.” Заклучно со април
2022 година, 57
кампањи за вакцини што може да спречат болест во 43 земји коишто беа планирани да се спроведат пред почетокот на пандемијата сѐ
уште се одложени, што влијае на 203
милиони луѓе,
од кои повеќето се деца. 19
од тие кампањи се однесуваат на морбили,
поради што 73
милиони деца се во ризик да добијат морбили поради пропуштена вакцинација.
Во Украина,
кампањата за вакцинација против морбили во 2019
година беше во застој поради пандемијата со КОВИД-19
и продолжи поради војната.
Кампањите
за рутинска и навремена имунизација се неопходни секаде каде што
пристапот е возможен за да се постигне сигурност дека нема да се
повторат епидемиите како
во 2017-2019,
кога имаше над 115,000
случаи на морбили и 41 смртен случај во Украина –
тоа беше највисоката инциденца во Европа.
Опфатот од
95
проценти и повисоко со две дози безбедна и ефективна вакцина против морбили може да ги заштити децата од морбили.
Меѓутоа,
нарушувањата предизвикани од пандемијата со КОВИД-19
го оддолжија давањето втора доза од вакцината против морбили во многу земји.
Додека
земјите работат на справување со појавата на морбили и на други болести
што може да се спречат со вакцинација со цел да го надоместат
пропуштеното,
УНИЦЕФ и СЗО, заедно со партнерите како што е
Gavi, Алијансата за вакцини,
партнерите од Иницијативата за морбили и рубеола
(M&RI), Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс и останатите ги поддржуваат заложбите за јакнење на системите за имунизација преку: