„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“

Добивај вести на Viber

Донациите за лекување не секогаш минуваат без скандали. Барем кај нас, често се случуваат злоупотреби на оваа тема.

Откако беа евиднетирани токму такви злоупотреби, д-р Ненад Лазаров ја формираше плаатформата за донирање, каде секој ќе ги добие потребните средства но и нема да има злоупотреби.

Овој пат тој реагираше за тоа што граѓаните продолжуваат да донираат на приватни сметки, а и покрај тоа што биле собрани парите, и имаат вишок парични средства, истите не се редонирани.

„Упорно донирате на приватни сметки, епа да ви кажам, имаме случај каде мајката на дете за кое се дигна цела држава и за рекорно време се собраа пари и се излечи детето, на сметка има 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ вишок пари од кои не редонира ниту денар!

Кој круг од пеколот е за вакви особи?“, напиша тој.


Извор: Фактор