Употреба на пробиотици при уринарни инфекции

Уринарна инфекција или инфекција на мочните патишта е бактериска инфекција која го зафаќа уринарниот тракт. Сите делови на уринарниот тракт можат да бидат зафатени со оваа инфекција, меѓутоа најчесто инфицирани се мочниот меур и уретрата.

Најчеста причина за инфекција на уринарниот тракт се бактериите кои нормално живеат во дебелото црево и се присутни во столицата (Esherihiacoli).

Најчести симптоми за уринарна инфекција се

·  Силен нагон за мокрење

·  Често мокрење

·  Благо пецкање при мокрење

·  Непријатен мирис на мокрачата

·  Болка во мочниот меур и др

За третман на оваа инфекција е потрбна брза, точна дијагноза за утврдување на причинителот на оваа инфекција, со употреба на антибиограм кој ќе биде и насока за соодветна употреба на антибиотик.

Антибиотиците се често употребувани лекови за оваа дијагноза чија употреба може да трае и подолго време, понекогаш и до 28 дена, во случај на третман на Esherihiacoli.

Оваа долга употреба на антибиотик има освен позитивен ефект и појава на последици како што е нарушување на здравата микрофлора во цревата на пациентот, која што често пати е придружена со постантибиотска дијареа или во случајов поради долгата употреба на лекот, дијареата може да биде присутна уште во текот на првите денови на употребата на антибиотикот.

За овој несакан ефект на антибиотикот секако дека има добро решение, а тоа е употребата на пробиотик.

Пробиотиците се „добри бактерии“ кои служат за регулација на цревната флора при дијареа, за зајакнување на одбрамбените механизми на организмот, при употреба на антибиотици (за спречување на нарушувањето на нормалната цревна микрофлора). Се употребуваат за намалување на појавата на атописки екзем кај децата, кај патничка дијареа, синдром на иритабилен колон, инфективни заболувања на цревата, улцеративен колитис.

Пробиотиците имаат сеуште неразјаснет механизам на делување, но докажан и присутен преку кој директно делуваат на стимулација на имунолошкиот систем, на тој начин што ке го направат организмот природно поотпорен на било какви инфекции .

Кај нас на пазарот постојат многу интересни комбинации на пробиотици и пребиотици, со додадени дополнителни компоненети како што се витамин Б6, цинк, екстракти од нане и камилица. Токму вакви комбинации имаат исклучително корисно дејство при терапија со антибиотици.

Д-р Влатко Ристов, специјалист по урологија

* ПР - објава

фото: freepik.com