Уредите на Samsung, Neo QLED и QLED TV, добија сертификат за „Грижа за лицата со оштетен вид“ од организацијата TÜV Rheinland

Добивај вести на Viber

Моделите Neo QLED и 2023 QLED нудат уште поинклузивно искуство на гледање за корисниците со амблиопија

Samsung Electronics објави дека моделите од неговата линија Neo QLED и QLED 2023 добија сертификат за „Грижа за лицата со оштетен вид“ од организацијата TÜV Rheinland. Овој сертификат се доделува на производи, кои ги исполнуваат стандардите за помош на корисниците со амблиопија (вид на слабовидост) прекуподобрување на претставувањето на сликата и откривањето на видливоста.

„Технолошките иновации го добиваат своето вистинско значење кога се достапни за секого, така што ние сме особено задоволни што го добиваме овој сертификат, кој е потврда за нашата работа во развојот на функции што го олеснуваат гледањето“, рече Сјок Ву Џонг, извршен потпретседател и заменик директор на секторот за производи со екрани во Samsung Electronics. „Во согласност со визијата на Samsung: „Екрани насекаде, екрани за секого“, ние ќе продолжиме да нудиме екрани со врвен квалитет кои одговараат на потребите на секој корисник“.

За да го подобри гледањето за корисниците со различниоштетувања на видот, Samsung го разви режимотRelumino, кој подобрува одредени делови од видео содржината - како што е истакнувањето на рамката и подобар контраст и острина – за полесно препознавање на содржината и следење на активностите. Амблиопијата, позната и како мрзливо око, ја имаат околу три проценти од децата и е еден од најчестите проблеми со слаб вид во детството. Во повеќето случаи на амблиопија, мозокот на детето ги игнорира сигналите што доаѓаат од едното око, што значи дека тој развива патишта само кон другото око.

TÜV Rheinland, едно од водечките меѓународни тела за сертификација, го доделува сертификатот „Грижа за лицата со оштетен вид“ врз основа на проценката за тоа како технологијата влијае на корисничкото искуство на луѓето со амблиопија. Телото изведува различни тестирања, со кои се споредува како нормалниот режим на прикажување и режимот Relumino се разликуваат во однос на јасноста, острината и севкупната удобност при гледањето.

Покрај овој најнов сертификат, екраните на Samsung веќе ги имаат следните сертификати: „Екран за биолошки ритам“ и „Грижа за очите“ од Verband Deutscher Elektrotechniker (VDE), како и сертификатот за „Екран без отсјај“ од Underwriters Laboratories (UL) за технологиите што нудат побезбедно и поудобно искуство при гледање. Исто така, Samsung ги има добиено сертификатите „Одобрено од Pantone“ и „Одобрено според каталогот на бои на тонови“ од Pantone Institute, кои потврдуваат дека екраните на Samsung ги исполнуваат стандардите за прецизност на бојата на оваа организација. Растечката листа на признанија е доказ за тоа како иновациите можат позитивно да влијаат на корисничкото искуство со помош на технологијата и ја потврдува глобалната лидерска позиција на Samsung во ТВ-сегментот во последните 17 години.

За повеќе информации за линијата на ТВ-уреди на Samsung за 2023 година, посетете ја:https://www.samsung.com/mk/

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, Wearable уредите, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com. 



[1]Серии Neo QLED 8K (QN900, QN800), Neo QLED 4K (QN80 и понови) и QLED (Q80 и понови). Опфатените модели варираат во зависност од регионот.

Пр објава