УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ УСПЕХ НА БРЕНДОТ „GOOD NATURE“: И холивудските ѕвезди уживаат во нашите чаеви

Добивај вести на Viber

„Алкалоид“ продолжува со „освојувањето“ на американскиот пазар. Овој пат, познатиот бренд за чаеви „Good Nature“, кој долги години веќе е присутен низ маркетите во САД, се најде во популарно телевизиско шоу во кое усчествува и познатата актерка дениз Ричардс. 

Имено, во најновата сезона на „The Real Housewives of Beverly Hills“ или „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, едно од најгледаните американски шоуа од овој карактер, Дениз Ричардс, во друштво на остатокот од екипата, ужива во шолја чај „Good Nature“.

Оваа сцена може да ја видите во десеттата епизода од актуелната 13-та сезона, при што една од ријалити-ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на тако-забавата која ја организира за своето друштво од Беверли Хилс ги послужува своите гостинки токму со чаевите на Good Nature. 

- Ова е голем успех за „Алкалиод“ и брендот „Good Nature“ ако се има предвид дека оваа епизода постигна гледаност од над 1.100.000 гледачи, што за нашиот бренд значи постигнување огромна видливост и е уште една потврда дека квалитетот е секогаш препознаен – дома и во светот! - соопштуваат од компанијата

„Алкалоид“ како производител на чаеви е присутен на американскиот пазар речиси 20 години, најпрвин преку соработката со AVEDA, членка на групацијата Estee Lauder, а потоа и со пласман на своето портфолио Good Nature во 2010 година. 

- Четири години подоцна, како следен чекор во ширењето на брендот Good Nature, чаевите на „Алкалоид“ стануваат достапни за продажба и преку најголемата платформа за онлајн-трговија „Амазон“, исполнувајќи ги високите критериуми што ги налага светски познатиот гигант при изборот на производи кои можат да се продаваат преку платформата - посочуваат од „Алкалоид“. 

Во 2020година Good Nature остварува уште еден успех добивајќи признание за еден од своите производи, чајот Good Nature Healthy Heart, кој се најде на престижната листа на Amazon’s choice како еден од најдобро продаваните производи на „Амазон“.

ПР Објава