УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА „СКОПЈЕ ВИСКИ ФЕСТ“ ПРИКАЗНА
Голема посетеност, многу насмеани лица, во дружељубиво расположение, забава и виски дегустации надополнети со софистицираност, шик и елеганција, џез и рок моменти можеа да се забележат на годинешното издание на Скопје Виски фест.
Изминатиов викенд, на 28 и 29 октомври во хотелот Мериот се одржа Скопје Виски фест 2022, најголемото изложување во Македонија на светски виски пијалаци на едно место и тоа беа два дена, несекојдневно искуство за љубителите на виски кои уживаа додека го дегустираа овој пијалак.
Зад Скопје Виски фестивалот, започнаа да се нижат две успешни приказни, првата која започна во ноември 2019 година, а втората точно после три години, што се должеше на протоколите кои беа воспоставени во периодот кога настаните и случувањата замреа во градот. Но, заедничкиот ентузијазам на нас како организатори и изложувачите на виски, нашите пријатели не застана, туку беше поттик да се продолжи уште попосветено да се креира нова фестивалска приказна. Голема чест беше што толку многу увозници на виски и сродни брендови можеа да се соберат на едно место, за што и на сите во оваа прилика јавно им се заблагодаруваме за поддршката и довербата која ни ја дадоа.
Ова беше можност на изложбените штандови да се дегустираат најпознатите виски пијалаци, но и оние кои се раритет на светскиот пазар. Посетителите дегустираат над 75 етикети на виски, над 35 различни виски брендови, од различни светски дестилерии, стручно и професионално презентирани од скоро сите дистрибутери и застапници кај нас. Можеше да се избере и проба од американските бурбони, шкотското виски, или пак ирските и јапонските вискија и да се разговара и едуцира за вискито, едноставно да се навлезе во светот на овој пијалак. Центарот на Скопје, пулсираше во ритамот на извонредна музика, што го надополнуваше славењето на виски културата и уметноста кај нас. На овој ексклузивен дводневен настан, љубителите на вискито, дури и оние кои дојдоа само од љубопитност уживаа во музичката програма на: Теохаров лајв експириенс и Ангни Авшар, музички сетови од Теохаров, диџеј Дела, диџеј Чваре, диџеј Флудер и Ринг Роуд бенд.
Публиката беше измешана, мажи и жени во интересен аутфит адекватен за темата на настанот, а можеа да се видат и претставници од виски фелата, странски бренд амбасадори, медиуми и други гости.
Информативните материјали и пропратниот SWF кит беа наменети за лесна ориентација во салата со изложувачи како и за едуцирање на публиката за сите презентирани виски пијалаци. Најамбациозните и оние кои навистина негуваат пасија за вискито се едуцираа и на организираните мастер класови на кои предаваа странски бренд амбасадори.
Специјални зони го комплетираа впечатокот: кокотели на база на виски, зона со сродни категории на виски: вода и газирани пијалаци, добро кафе, апетисани, македонски ајвар и намази. Фестивалот ги следеше сите добро-општествени критериуми: активната виски патрола ги мереше промилите и им даваше препорака на гостите да ги остават своите возила. По затварањето на виски дегустациите, последно следуваше хуманитарна аукција на отворените виски шишиња, а средствата од продажбата беа наменети во хуманитарни цели за социјално загрозено семесјтво.
Целта на Скопје Виски Фест е да се подигне нивото на виски културата и да се поддржи виски сегментот во Македонија, а во исто време да се збогати забавно-социјалниот живот во главниот град.
*пр објава