Уште едно чудо по 149 часа во Турција: Маж со епилепсија извлечен жив од урнатините, спасувачите слават

Добивај вести на Viber

Мустафа (35) е спасен во Хатај откако дури 149 часа поминал под урнатините чекајќи помош...

Турските медиуми јавуваат за уште едно чудо на седмиот ден од потрагата за преживеаните во Турција. По 149 часа под урнатините, извлечен е маж кој има епилепсија.

Мустафа (35) е спасен во Хатај откако дури 149 часа поминал под рушевините чекајќи помош.

Турските медиуми пишуваат дека Мустафа има епилепсија и дека додека бил под урнатините, прво му била дадена помош.

Откако го извлекле на сигурно, бил превезен во болница.

Спасувачките тимови потоа со прегратка прославиле за спасувањето на уште еден живот.

фото: Принтскрин / Инстаграм