Успешен во деловниот свет, вљубен во приватниот: Животниот стил на Душко Чифлиганец
Синот на проф д-р Ванчо Чифлиганец, Душко е дипломиран економист и заменик генерален менаџер на „Адора Инженеринг“.
Тој и неговата сестра Драгана Д. Чифлиганец која е извршен директор во градежната компанија, полека но сигурно ја наследуваат империјата од нивниот татко, кој со своето богато искуство и биографија поставил добри примери и солидна основа за да ги следат неговите скалила за успех во деловниот свет.
Совршена комбинација на морнарско сината боја, Чифлиганец во елегантно издание во Дубаи
Ретки се оние луѓе кои може да направат совршен баланс меѓу приватното и професионалното. Еден од нив е Душко, кој иако изминатиот период е актуелен во медиумите поради врската со внуката на Зоран Заев, Ева, успева умешно да ги задоволи љубопитните интереси на јавноста со фотографии, а притоа да не истакнува дополнителни детали.
Медиумите често пишуваат за неговата врска со Ева Заева, внуката на премиерот Заев
Успешен во деловниот свет, вљубен во приватниот, Чифлиганец негува животен стил за кој многумина може да позавидат. Од фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, Душко покрај студирањето во Дубаи има прошетано на повеќе места во светот, од егзотични острови, до зимски центри, а очигледно негува и пасија кон брзото возење, па неретко може да се најдат и слики од мотори и автомобили.
Семејството Чифлиганец
Како и секој успешен млад човек така и тој негува моден стил во зависност од потребите. Доминира елеганцијата, но надвор од деловните опкружувања, Чифлиганец го негува лежерниот кежуал изглед, секогаш комплетиран со модни додатоци, без разлика дали станува збор за очила за сонце, часовници или чанта. Тоа што е интересно и за пофалба е дека тој е еден од ретките кој не ја користи својата моќ и влијание за да привлече внимание, па и речиси никогаш не ги истакнува имињата на модните брендови кои доминираат во неговиот плакар.
На летување во Италија
Доблест е да се биде пример за младите генерации, особено за оние кои се уште не го пронашле својот пат кон успехот. Од друга страна, мотивирачки е да се пренесе една инспиративна приказна која се уште се развива...
Б.Н.