Утре на кејот на Вардар прв Plogging настан во Скопје – џогирање и собирање отпадоци
Првиот Plogging настан (џогирање и собирање на отпадоци) во Скопје,во организација на Скопје Мериот хотел и Амбасадата на Шведска ќе се одржи утре, со почеток во 11 часот, на кејот на реката Вардар, со почетна точка од градскиот плоштад во Скопје. На овој настан ќе учествуваат вработените од Скопје Мериот, но се поканети да се приклучат и сите оние кои се грижат за своето здравје и за природата, кои ќе можат да џогираат или да пешачат и притоа да собираат отпадоци, придонесувајќи за заштита на животната средина.
По повод одржувањето на првиот Plogging настан во Македонија, утре во 10.45 часот, пред влезот на Скопје Мериот Хотел, изјави ќе дадат генералниот директор на Скопје Мериот Хотел, Волфганг Колер и Амбасадорот на Шведска во Република Македонија, неговата екселенција Матс Стафансон.