УТРЕ ПОЧНУВА МАРТ: Што за вас вели хороскопот?
Овен– Убав момент ве чека во вторник, на 6-ти март: страсната Месечината во Шкорпија го поздравува влезот на Венера и Меркур во вашиот зодијачен простор ,весело и задоволно, што ќе направи зимата да ја завршите со радост. Месецот ќе ви донесе убава енергија која ќе кулминира со рамноденицата, вашиот „празник“, кога ќе бидете со полно срце и задоволни од љубовта.
Бик – Извлечете максимум од работа и еросот, сепак без претерување, а планирајте најмалку еден викенд да го поминете надвор од градот, во природа. 24ти март ќе биде клучен ден за љубовта, кој ќе ви даде посебна надеж и храброст. Првите денови од март се многу убави: Сонцето, Венера и Меркур ги прават односите во љубовта едноставни, хармонијата на бракот е обновена, нови многу интересни средби најверојатно ве очекуваат доколку патувате во странство.
Близнаци – Со првите потопли денови во март, голема љубов ќе почне да расцветува, можеби различна од она што го очекувавте. Чувството што ќе го чувствувате нема да биде површно, туку длабоко, па дури иако емоцијата што доаѓа е млада, свежа, а односот веднаш ќе започне на сериозен начин. Сите врски кои ќе се родат и во наредните месеци се заштитени од ѕвездите и се предодредени да траат, се разбира ако вие тоа го сакате.
Рак – Мора да ја ограничите потрошувачката, да ја регулирате исхраната, но исто така и да „скратите“ на алкохолни пијалоци, пушење, па дури и на сексуални ексцеси. Едноставно, мора да ви е јасно дека не може да се „лови“ во комплицирани ситуации. Не впуштајте се во ситуации за кои знаете дека се опасни, особено од 24-ти до 31-ви март. Послушајте ги советите на луѓето кои ве сакаат и ве ценат.
Лав – Имајте доверба во себе, и ќе ви се врати целото добро расположение кое малку го пропуштивте. Од 7-ми се враќаат убавите моменти на сентиментален план. Од тој период, исто така, ќе ви се врати и вашата одлична физичката форма. Ако до сега тоа не го правите, почнете да се занимавате со спорт, и тоа одберете некоја повозбудлива активност.
Девица – На 21-ви Месечината е многу поволна за инвестиции и добивки. Месецот ќе заврши во знакот на задоволството, со речиси полна Месечина која ќе го најави триумфот на страста. Стресот ќе се должи, на пример, поради промена на некоја вообичаена активност или поради некој погрешен потег, или пак, поради заминување на член од семејството со што можат да се променат вашите сакани навики. Ненадејните „магии“ пристигнуваат на 6-ти март, под влијание на многу добрата Месечина, а Меркур и Венера стануваат позитивни.
Вага – Како и секоја година за вас пролетната рамноденица означува момент на криза, која во 2018 година се најавува веднаш по првиот викенд во март, во вторник 6-ти март, кога Меркур и Венера се позиционираат во непријателски знакВториот дел од март не е во знакот на материјалните добивки. Морате да најдете вентил за да ја намалувате секојдневно напнатоста, а 31-ви однапред резервирајте го за некаква поголема спорстка активност.
Шкорпија – Особено погодни денови се 5-ти и 6-ти март. Месецот ќе почне со заштита од планетите. Од 17-ти март, со поддршка на Марс, ќе добиете неверојатна истрајност и упорност во нешто што веќе го правите. Што се однесува до љубовта, таа ќе биде брза, во сексусалните врски ќе ве направи алчни, а новите врски ќе бидат премногу избрзани. Знаете дека повремените средби бараат помалку напор, а доволно ве задоволуваат. Доколку сте во стабилна врска внимавајте да и дадете на саканата личност многу повеќе внимание.
Стрелец – И покрај иритирачкото Сонце, март не ви носи некои големи проблеми. За вас, в петок на 9-ти март, зимската сезона завршува порано и во тој момент вашата пролет веќе започнува. Месечината може да биде комплицирана за односите со семејството, но сепак на емотивен план ќе ви донесе нов воздух. Меркур, Венера и Уран се во многу поволна поставеност, и прават страсна комбинација со Марс на небото – подгответе се за нова голема страсна врска.
Јарец – Кога Марс пристигнува на небото, тензијата се зголемува, но овојпат тој ќе и се противи и на Венера, планетата на љубовта, па лудости на љубовно поле не се исклучени. Бидете претпазливи овој месец дури и на работното место, во воздухот има премногу „електрична“ енергија: нема потреба да ги блокирате деловните иницијативи, туку само да се биде попретпазливи.
Водолија – Месецот ќе започне веднаш со енергични чекори, за вас пролеета веднаш ќе пристигне, зашто доаѓа од пријателскиот Овен во астрална релација со Меркур и Венера. Меркур станува сериозен во сугерирањето на вистинско решение за борба против нападите кои ви доаѓаат од блиски луѓе. Оттука март е идеален месец за да се соочите со тешкотиите и недоразбирањата кои ви ги предизвикуваат некои од колегите.
Риби – Рибите кои имаат добар проект може да го остварат овој месец. Месецот за нив започнува со нервозна Месечина, исто така деликатна за вашето здравје. На овие две работи веќе предочени (нервозата и здравјето), треба повеќе да внимавате за време на осцилациите на Месечината кои ќе се случат на 2-ри и 9-ти март. Настрана ова, месецот ќе биде полн со интересни и позитивни идеи и предлози. Оставете овој стресен прв дел од месецот да помине. По него, следува многу силна поддршка која ќе ја почувствувате кон средината на март.