Утре започнува првата пи-ар конференција ПР Бар
Како што веќе беше најавувано, овој четврток на 25 октомври во Парк хотел и спа ќе се одржи првата “after work” конференција за ПР индустријата.
Под мотото “ПР Бар” овој настан ќе започне во 18 часот и ќе трае се до 21 часот. Настанот е во организација на Академија за маркетинг и пр на Creative Hub.
На првиот панел ‘’ПР и медиуми’’ говорниците ќе се обидат да одговорат на следните прашања: ПР и медиумите имаат иста цел - да се пренесе приказната. Кој е подобар раскажувач? Можат ли еден без друг? Односот меѓу ПР професионалец и претставниците на медиумите ( љубов или омраза)
Што новинарите очекуваат од ПР професионалците? Медиуми - кои се нивните конзументи ? Online Vs. offline медиуми Лажни вести ( вистина или лага, или само важно е да е вест?) Медиа лобирање? Комерцијален текст, АДВ или ПР?
Вториот панел е на тема ‘’Кризен ПР менаџмент’’ и предвидени теми се следните: Стратегија за Кризен ПР менаџмент; Што е криза, а што е пропаганда? Социологија и типографија на сите засегнати страни во ситуација на кризен пр? Што е негативен текст, а што е криза? и уште многу други кои ќе се развијат во текот на дискусијата, а и публиката ќе има можност да се вклучи.
Специјален гостин на настанот е Горан Михајловски, кого публиката го знае како долгогодишен уредник на дневниот весник “Вест”, но и како автор на една од најпознатите колумни “Сакам да кажам” која своевремено порасна и во медиум.
Целта на овој настан е да се даде вредност на ПР-от како гранка на маркетингот што започнува се по масовно да се развива.
Картите на настанот се по цена од 799 МКД и може да се купат на shop.creativehub.mk, а целиот настан ќе се одржи во фоајето на Four Ресторанот.
“Ќе ни биде чест доколку имаме маркетинг и пр професионалци од сите сфери како гости бидејќи настанот има за цел да биде неформалено дружење низ маркетинг и пр фелата во Скопје”, низ разговор ни кажа Аријана Коскарова, раководител на Академија за маркетинг и пр кој стои позади организацијата на настанот.