Утре започнува виртуелниот “Women in Marketing ” самит

Добивај вести на Viber

Над 2000 пријавени за првиот бесплатен виртуелен “ Women in Marketing ” самит.  Самитот кој брои над 33 спикери од 20 земји во светот на извршни маркетинг позиции ќе започне утре со две сесии утринска и попладневна и ќе трае во наредните три дена.

Самитот кој доби глобални размери и медиумска поддршка низ целиот Балкан е во организација на Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub, а целта е токму бесплатна едукција и поврзување на експерти и идни маркетери од целиот свет.

Ова е прв глобален самит чија иницијатива започнува од кај нас, а тоа зборува за развојот кон кој се движи маркетинг индустријата и во нашата земја.

Агендата вклучува интервјуа и презентации од голем број гости, а најавени се и глобалните директори на маркетинг и продажба од светски познати фирми како “IBM” , “Levi’s”, “LA Lakers”, “New Moment, New Ideas Company”, “Landmark Communications”, “MoXie Creative Agency” , “PR for Entrepreneurs”, “Fabric”, “Elite Business Women”, “Women on Top”, “Evryting”, “i10 agency”, “Flow SEO”, “AdNative Agency” итн.

Доколку сеуште не сте регистрирани, Ве покануваме да го направите тоа на https://womeninmarketing.app.virtualsummits.com/ .