Утринско кафе со Александар Тошев: Денот го завршувам со чаша вино

Денот или утрото ми започнува некаде околу 08:00 часот, во зависност од обврските што треба да ги завршам пред работа или на работа.

Веднаш по расонувањето пијам чаша ладна вода, секогаш пуштам кул музиче па гледам што да облечам за работа и започнувам со подготовка. Најчесто, се одлучувам за фармерки со маичка или дуксер, секогаш докомплетиран со интересен детаљ, капа или шарени чорапи.

Првото кафе го пијам во мојот салон, сам, во позадина со добра македонска музика и со тефтерот в раце за да видам како ми е агендата и кои се обврски треба да се завршат.


Мојата мотивација, визија и креативност ја црпам од клинетите. Со добро постигнат резултат се мотивирам дупло повеќе или максимално.

Дневните планови се секогаш поврзани со секојдневните обврски околу салонот, опкружен цел ден со луѓе. Ретко сум слободен, но кога сум слободен, гледам да испијам кафе во некое кафуле со блиски пријатели или соработници.

Денот го завршувам со чаша црвено вино. Не ретко се случува да седнам после долгиот работен ден на работа и таму да седнам сам со чаша вино и да резимирам што сум завршил а што останало за утре и за наредните денови.

Вечерните часови ми се резервирани за најблиските или семејството, се собираме на крајот од денот споделуваме кој како го завршил денот, но некако секогаш во центарот на вниманието паѓа мојата две годишна внука.

Од самите обврски и работа подобра варијанта за завршување на денот ми е филм, наместо книга, најмногу поради недостиг на време за читање на книга.

The Lion King е последниот филм којшто го гледав, а во овој период од годината ги гледам сите филмови кои добиле номинации за оскар за најдобар филм. За да можам сам да си направам селекција и да прогласам победник за најдобар филм.


Александар Тошев – Стилист за коса