Утринско кафе со Ана Ежова: Уживањето во домашна атмосфера е скапоцено

Кога имаш животинки околу себе, денот може да ти почне само најпозитивно на свет. Утринското кафе го пијам во друштво на моите маче и куче, пуштаме музика и скокаме низ стан. Прилично сум енергична наутро и станувам доста рано, не сакам да брзам никаде или да доцнам, па на овој начин си давам простор денот да ми почне со уживање и позитивна енергија, пред да ме „јавнат” секојдневните обврски.

Ме мотивира слободата на духот, можноста секое утро одново да се потсетуваш каков сакаш да ти биде денот, ме мотивира способноста да се насмееш на сопствената глупост и да сочувствуваш. Ме мотивираат волјата, успесите и добрината на луѓето што ги сакам и почитувам, и кои ме потсетуваат каков човек сакам да бидам и јас.

Деновиве сум окупирана со процесот на селење во Грција, и никако не можам да се допакувам. Со моето момче постојано сме на релација Скопје-Солун, некако се уморивме од тоа и сфативме дека сакаме секое утро да ни почнува, и секој ден да ни завршува заедно. 

А крајот на денот на денот ми е омиленото време, тогаш готвиме, пуштаме филм или јас читам книга, а тој си преслушува плочи. Заради нашите професии викендите не ни се разликуваат од останатите денови и се работни, па секој момент на уживање во домашна атмосфера за мене е скапоцен. 

(*Ана Ежова-модел и манекенка)