Утринско кафе со Анета Митовска: Енергијата која ми помага да одржам рамнотежа во текот на денот е Благодарноста

Наутро отварам очи и изразувам длабока благодарност и љубов до мојот син и мојот сопруг, на животот, што сум жена, мајка, сопруга, што сум жива и здрава… се будам со топли прегратки и топлина во срцето.

Како Реики учител, денот го започнувам и завршувам најчесто на ист начин, со работа на себе, да бидам подобра личност од вчера, при што се фокусирам на петте Реики принципи кои ми помагаат во одржување на целокупна хармонија во текот на денот, јас ги нарекувам „тајни„ рецепти за среќа бидејќи ми делуваат на сочувување, добри мисли и емоции, и влијаат на квалитетот на мојата здравствената состојба и околностите во мојот живот.

Тоа се принципите дека: Денес нема да се грижам, очекувам се најдобро; Денес нема да се лутам , се радувам на сѐ, Денес сум добронамерна и љубезна кон сите; Денес сум благодарна за сѐ; Денес мојата работа ја завршувам чесно и во точно време.

Исто така енергијата која ми помага да одржам равнотежа во текот на денот е Благодарноста. И секако мојот секојдневен ритуал е духовната пракса, молитва и медитација.

Утрата кога имам време на располагање сакам да подготвам здрав доручек, убаво сервирано кафе и прилог благо колаче, за мене и мојот сопруг, и тоа ми е некако специјално време кога ништо не морам да правам во тие 10 минути , едноставно без никакво преоптеретување си дозволувам воздишка за опуштање и на телото и на умот во амбиент исполнет со нежност и радост, дури и кога насекаде околу нас се расфрлани играчките (се смее) … во тој момент воопшто не ми смета ништо, едноставно се прилагодувам и уживам …

Ја сакам мојата работа и уживам во она што го работам, секој ден ми е различен и исполнет , секој ден знам да го искреирам на најдобар можен начин. Сакам да творам, да пишувам, да креирам и создавам, да се самооткривам, сакам да помагам и да давам подршка на луѓето, да ширам љубов, добрина и знаење. Не чекам да се промени економската и политичката ситуација во земјата, да се променат луѓето околу мене, да се променат условите за работата и условите за живот, едноставно сите работи ги земам во мои раце, се посветувам себе си и секоја промена ја започнувам од себе си.

Секој ден се исполнувам со Животна енергија, тоа го правам со користење на одредени енергетски Реики методи , секој ден гледам да го исполнам со љубов, хармонија, радост, мир … а тоа е така бидејќки правам работи што сакам да ги правам, и среќна сум поради таа можност … можам да кажам, како што камен фрлен во вода шири бранови околу себе, така и јас кога се исполнувам со Животна енергија ширам нови енергиски вибрации, кои со својата позитивна сила ги менуваат и вибрациите на луѓето окоу мене… на тој начин го одржувам посакуваниот хармоничен тек на нештата што се случуваат во мојот живот.


Моите обврски зависат од тоа кога се закажани обуките, најчесто обуките се одржуваат за викенд, или во попладневните часови преку недела па така и моите обврски ги распределувам во согласност со термините кои се закажани. Во работните денови станувам доста рано, бидејќи енергетски се припремам за она што ме чека, и тие денови исклучиво пијам само вода/чај. Некои денови ги поминувам во топлата и пријатна атмосвера во моето здружение Реики каде што се доусовршувам, учам, читам, учествувам и на други многу бројни Реики работилници, работам на подготовки за обуки кои ги нудам и сл.

Имам добра особина, а тоа е мојата дисциплина кога се работи за моето физичко здравје, одвојувам време и за физички активности ... тоа дополнително ме исполнува и радува, тоа се денови кога одам на јога, фитнес, пешачење во природа, и сл.

Обично моја обврска е да си го земам мојот син од градинка, а потоа во попладневните часови, кога сум слободна уживаме заедно низ игра, тоа знае да биде во некој парк или во нашиот дом, сакам и уживам во подготвката на здрави оброци, така што ручекот/вечерата ја поминувам со моето семејство. Убаво е да се биде со семејството , да се создадат и зацврстат семејните традиции. Тоа се моменти кога се изразуваат убави емоции, топлина во срцата и мир во душата.

Пред  да заспијам не ја пропуштам праксата да отварам од прирачниците  кои ги креирав „Практичниот водич кон лична слобода„ и „Практичниот водич кон финансиска слобода“ со цел да ја зацврстам врската со Универзумот , да создадам јасен увид за она што ми го овозможува , и да создадам посебна енергија со цел да привлечам Благосостојба во мојот живот.

Во вечерните часови знам да запловам во длабок океан на креативноста, и најчесто инспирацијата ми доаѓа од длабочините на мојата душа во ноќните мирни часови, кога сите спијат, а јас мирно пловам .



*Анета Митовска - Реики учител