Утринско кафе со Благица Поп-Томова: Пеењето лечи сѐ

Денот ми започнува задолжително со кафе, бидејќи сум „кафехолик“. Обожавам секакво кафе без шеќер. Најчесто го пијам сама, бидејќи сопругот не е љубител на кафе. Но кога го пијам со пријателките, го уживам со сладок муабет и релаксација.

Ме мотивира позитивна мисла и енергија,убава насмевка, добар збор. За нас музичарите, тоа е доволно, да добиеме инспирација и да се фатиме за работа. Мојата професија е пеење, а пеењето лечи сѐ. 

Дневните планови не се менуваат често тие се стандард. Фамилијата ми е на прво место, професијата со голема одговорност и пријателите. Живејам скромно но динамично. Живееме на Флорида, а со мислите сум во Македонија. Денот завршува со последните обврски со моите најблиски, децата и сопругот и подготовките за утрешниот ден.

Моментално ја читам книгата „The Husband's Secret“ од Liane Moriarty со која се релаксирам. Филмовите  ни се фамилијарна опсесија. Ги следиме сите нови филмови , редовно одиме на кино заедно со синовите ,но гледаме филмови и дома.Тоа ни се посебни моменти на заедничко уживање. Омилен филм  ми е: „Me before you“. 

* Благица Поп Томова, оперска пејачка, првенка во МОБ