Утринско кафе со ... // Утринско кафе со ...
Утринско кафе со Дани Димитровска: Кафе пијам пред работна акција
Тогаш кога пијам кафе наутро, тоа ми значи дека пред мене е долг работен ден бидејќи кафето не ми е секојдневен ритуал. Го пијам со оној со кој сум пред работна акција.
Ме инспирираат неостварените замисли во кои верувам а ме мотивира доколку чинам дека не знам или не можам.
Дневните планови и обврски секојдневно се различни. Некогаш е гужва во распоред а понекогаш сум слободна како птица. Периодов пред концертот на 7 март во Македонската Филхармонија е гужва.
Денот ми завршува исто така различно. Понекогаш со добар филм а понекогаш со пијачка со најблиските. Ноќите се мои.
Филм е секогаш мој избор. Книгата ми е резервирана за патувања.