Утринско кафе со Ева Јакимовска: Повеќе смеење, помалку нервози
Обично мојот ден започнува рано, тогаш кога остатокот од градот спие. Она што најпрво го правам е утринска прошетка со моето куче Спарки. Првото утринско кафе го пијам сама, додека го планирам денот и ги прелистувам обврските кои следат. Се фокусирам на работата и се радувам кога денот ќе го искористам да научам некои нови работи.
Ме мотивираат позитивни луѓе, полни со енергија. Луѓе кои немаат комплекси и се стремат да го достигнат највисокото во животот. Луѓе кои знаат да ме ценат мене и моето време. Луѓе кои ме тераат да направам нешто повеќе од себеси.
„Бекстејџ“ е мојата љубов, а луѓето во него мое семејство. Обврските, генерално ми се поврзани токму со „Бекстејџ“.
Кога редакцијата е полна со ентузијазам, колегиумите се повеќе смеење, помалку нервози. Секојдневни теми и информации, ексклузивни интервјуа и настани. Токму по тоа и сме препознатливи.
Љубител сум и на книгите и на филмовите. Сакам да читам, но и да гледам добар филм. Но, искрено, периодов се помалку време имам и за едното и за другото.
Денот ми е навистина динамичен и максимално исполнет, но секогаш наоѓам време за кафе со моите пријатели. Позитивна енергија, неколку насмевки, љубезност и време за најблиските. Токму овие работи се клучни за денот да биде совршен.
* Ева Јакимовска – уредник на естрадниот магазин Бекстејџ