Утринско кафе со Филип Пешевски: Правам планови во последен момент

Утрото го почнувам со витамински шејк и апсолутна тишина. Првото кафе го пијам најчесто со мајка ми или со пријателите. 

Она што најмногу ме мотивира е семејството, добра музика и позитивните коментари од публиката. 

Моите планови најчесто ги правам во последен момент, а мојот секојдневен распоред секогаш ги вклучува предавањата на факултет, часовите по соло пеење, спортски активности во теретана, проби со бендот и работа во студио до доцните часови.
Вечерта најчесто ја поминувам на настапи или работење во студио.

За книга искрено имам сѐ помалку време. Порано читав многу повеќе, но затоа после напорен ден секогаш пуштам добар филм .