Утринско кафе со Лејла Рамковска: Се расонувам со реиши печурка

Денот ми почнува секогаш со кафе, тоа е еден цел ритуал за мене. Кога имам наутро часови го пијам сама и го користам тој период за план на часот и план за денот општо. Додека за викенд со својот партнер како апсолутна релаксација. Од неодамна обичното кафе го заменив со кафе so реиши печурка кое јас си го викам јин кафе, бидејќи дополнително ме релаксира. 

Ме мотивира меѓучовечкиот однос, кога ќе добијам фидбек од тоа што се трудам да го пренесам, посебно кога ќе видам дека ги мотивирам и другите да увидат колкав капацитет имаат за кој не се свесни. А во денови кога ја нема мотивацијата стапува дисциплината. Секој ден држам часови, а спремам и нешто ново, план и подготовки околу неколку проекти поврзани со јога и секако секојдевни обврски околу моите деца и домот. 

Денот обично ми завршува во опуштена атмосфера дома, фамилијарно, може нешто вкусно да се зготви, вино да се отвори... Искрено во последно време повеќе ме опушта филм или некоја комична серија.

* Лејла Рамковска, инструктор по јога