Утринско кафе со Маја Кипровска: Не се откажувајте никогаш од сонот

Денот го започнувам во 6.30 со трчање околу стадионот на Арсенал кој е на само четири минути од мојот стан. Тоа е мојата здрава навика која ми остана од Македонија кога трчајќи на кејот на реката Вардар се мачев здраво да ги симнам моите 120 килограми, а воедно и уживав во тишината, погледот на реката и звукот од песната на птиците.

Така полна со енергија продолжуваат моите секојдневни обврски.

Првата утринска обврска е да ги однесам ќеркичките во училиште, бидејќи се самостојни, ме чекаат спремни само да излеземе, а потоа почнува мојот бурен распоред.

Понеделник и вторник сум цел ден на Универзитет , студирам бизнис и менаџмент и планирам мастер за адвокат во бизнисот. Токму тука ми е потребно малку поголемо кафе или чај , бидејќи мора да си сконцентриран повеке од 10 часа. Тоа воопшто не ми пречи, бидејќи се работи за мојата и за иднината на моето семејство, а позната сум по тоа колку сум упорна, кога ќе намислам нешто, морам да го остварам.

Често пати се шегувам на моја сметка, од што сум упорна дури сум напорна. 

Останатите денови тоа време го поминувам во мојот салон ML BEAUTY AND EDUCATION LASH INC ACADEMY. Секојдневно посетувам и теретана, бидејќи тоа ми е како некој издувен вентил од сите обврски и е време само за мене.

Кога ќе се вратам дома, обврските околу ќерките и куќата обично ми завршуваат во 11 навечер, и тогаш продолжувам со учење до 4, некогаш и до 5 наутро и спијам по 45 минути само, и ми продолжува денот.

Темпото ми е 600 на час, меѓутоа целиот труд што го вложувам овде ми се исплати, и затоа не ми пречи да го правам тоа, напротив уживам. Во декември оваа година добив титула " Лаш Артист на годината“ .Тоа е титула која секој техничар кој изработува трепки ја посакува, т.е да си признат како најдобар во  цел свет. И можам да речам дека по прогласувањето ми се отворија многу врати. Ме повикаа да бидам една од дванаесетте „Лаш“ Академии во целиот свет, секако прифатив. 

Главен уредник сум на „Лаш Инк магазинот“  за Македонија, Србија и Хрватска и исто така добив дозвола да акредитирам Салони, Академии ,Тренинг провајдери и Лаш артисти. Мојот мотив за целиот напор се моите ќеркички Матеа и Леона кои заслужуваат да го живеат сонот кој за жал ние не го живеевме, а јас сум тука тоа да го оставарам.


Затоа како една мала мотивација за сите ако можам да кажам: Не се откажувајте никогаш од сонот, бидејќи ако се сака сѐ се може и никогаш не е доцна. 

* Маја Кипровска, интернационален едукатор за јапонско тетовирање на веѓи и нокти и сопственик на Академија за убавина , салон и списание за трепки за 3 држави